1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

2,6 милиони сиромашни деца во Германија

27 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BYUG

Во Германија има 2,6 милиони сиромашни деца, соопшти денеска Сојузот за грижа за децата. Оваа организација наведе дека и покрај економскиот бум во земјата бројот на децата коишто живеат во сиромашни семејства од март минатата година до март годинава пораснал дури за 100 000. Сојузот за грижа за децата смета дека едно дете е сиромашно ако за неговите потреби семејството има под 208 евра месечно. За околу пет милиони деца родителите во Германија имаат на располагање помалку од 250 евра месечно. Бројот на сиромашни деца се зголеми од пред пет години со реформата на социјалниот систем и намалената помош за невработените.