1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

30 загинати во серија експлозии во Египет

8 октомври 2004

Најмалку 30 лица загинаа а повеќе од сто се ранети во синоќешната серија бомбашки напади врз хотелот Хилтон и уште две туристички места на египетскиот полуостров Синај на Црвеното море. Одговорноста за нападот ја превзеде досега непознатата исламска група Ал Исламија Ал Аламија

https://p.dw.com/p/AcKh
Израелски туристи го напуштаат полуостровот Синај, Египет
Израелски туристи го напуштаат полуостровот Синај, ЕгипетФотографија: AP

Најголем дел од загинатите се израелци кои престојувале во хотелот Хилтон во градот Таба, кој се наоѓа во непосредна близина на границата со Израел. Според информациите најверојатно станува збор за напад на автомобил бомба. Експлозијата како што се јавува се случила за време на прославата на еврејскиот празник Сукот, за чие времетраење илјадници израелци традиционално патуваат на овој полуостров.

Спасувачките екипи сеуште се во потрага по евентуално преживеани лица под урнатините. Агенциите јавуваат дека 10 спратови од хотелот кој е во пламен биле урнати.

Се јавува за експлозии и во туристичките места Нуеиба и Рас ал Султан кои се наоѓаат на десетина километри одалеченост од Таба.

Според египетскиот министер за туризам Ахмет Ал Магхраби бројката загинати може да биде и поголема. Одговорноста за нападот врз хотелот Хилтон според агенциски извештаи ја превзела досега непознатата исламска група Ал Исламија Ал Аламија како освета заради Палестинските и арапските жртви во Палестина и Ирак. Израелските власти ги предупредија граѓаните да не патуваат во египетските летувалишта на Црвеното море.