1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

33 жртви во авионска несреќа во Намибија

АТ/ дпа/ афп/ ард30 ноември 2013

Во авионска несреќа на северот на Намибија загинаа сите патници. Авионот од Мозамбик ѝ припаѓа на авионска компанија, која во ЕУ нема дозвола за слетување, поради безбедносни недостатоци.

https://p.dw.com/p/1AR3w

Полицијата пронајде целосно изгорени остатоци од авионот, откако повеќе часови вршеше потрага во зафрлена област во Бабвата националниот парк во Намибија. Според авиокомпанијата ЛАМ, во авионот имало 27 патници и шест членови на екипажот. Меѓу патниците, според податоци од авиокомпанијата освен луѓе од Мозамбик и Ангола имало и петмина Португалци, еден Французин, еден Бразилец и еден Кинез.

Авионот од типот Ембрарер 190 во петокот утрото полета од главниот град на Мозамбик, Мапуто. Речиси четири часа подоцна требаше да слета во главниот град на Ангола Луанда. Но, контактот, при лошото време, бил прекинат, а авионот не стигна до целта.

Причините за несреќата сѐ уште не се познати. Жителите информираат дека слушнале експлозија.

Европската унија во 2011. година на авиокомпанијата ЛАМ и‘ ја одзеде дозволата за слетување поради сериозни безбедносни недостатоци.