35 години осуда за Мартиќ
12 јуни 2007Реклама
Трибуналот за воени злосторства за поранешна Југославија го осуди поранешниот српски водач Милан Мaртиќ на 35 години затвор. Судот во Ден Хаг смета дека е докажано оти поранешниот претседател на Српската република Краина во Хрватска учествувал во убиството, следењето, прогонувањето и имзачување на хрватски цивили. Државното обвинителство поднесе барање за доживотна казна за 52 годишниот Мартиќ. Одбрната, како и самиот Мартиќ пледираше за ослободителна пресуда.