1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

4 години затвор за одговорниот за неисправните импланти

СН/жа/афп/миа/дпа10 декември 2013

Во казнената постапка за продажбата на неисправни импланти за гради од евтин силикон, основачот на француската компанија производител на имплантите е осуден на четиригодишна затворска казна.

https://p.dw.com/p/1AWM3
Фотографија: Reuters

Судот во Марсеј денеска (10.12) го осуди основачот на француската компанија „Поли Имплант Протез“ (ПИП) за производство на импланти за гради, Жан Клод Мас на четири години затвор поради загрозување на здравјето на преку 300.000 жени кои ги купиле нивните неисправни силикони.

Со пресудата за 74-годишниот Мас, основачот и долгогодишен генерален директор на ПИП, завршен е скандалот што во 2011. година предизвика паника низ целиот свет откако Франција препорача на жените што имаат вградено неисправни силикони да ги отстранат поради високата стапка на пукање. Слична препорака дадоа и германските власти. Само во Германија преку 500 жени имаат вградено импланти од фирмата ПИП.

Компанијата што порано беше трет производител на импланти во светот, е обвинета за намалување на трошоците во период од 10 години со користење недозволени материјали и полуиндустриски силикон што не е наменет за употреба на луѓе.

ПИП доказите за употребата на немедицински силикон ги криел при посетите на европските инспектори, кои ги одобриле имплантите. Со употребата на евтин силикон компанијата годишно заштедувала по милион евра.