1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

400.000 луѓе умираат годишно во Европа од загадениот воздух

СН/бг/афпд18 декември 2013

Воздухот во Европа, според желбата на Европската Комисија би требало да биде далеку почист. Од загадениот воздух во Европа годишно умираат повеќе луѓе отколку во сообраќајни несреќи.

https://p.dw.com/p/1Ac0u
Фотографија: picture-alliance/dpa

Европејците треба да дишат почист воздух. Со оглед на тоа што во Европа годишно умираат 400 илјади луѓе поради загадувањето на воздухот, Европската Комисија денеска (18.02) во Брисел претстави Акциски план кој меѓу другото предвидува далеку построги гранични вредности за штетните гасови во земјите-членки. „Воздухот што го дишеме денес е многу почист отколку во изминатите децении“, изјави еврокомесарот за заштита на животнта средина Јанез Поточник. „Меѓутоа загадувањето на воздухот и натаму е 'невидлив убиец' и спречува многу луѓе да водат активен живот“, потенцираше еврокомесарот.

Од загадениот воздух , според Поточник во Европската Унија умираат повеќе луѓе отколку во сообраќајни несреќи. Згора на тоа тука се болестите како астма, рак, проблемите со дишните патишта и срцевите и заболувањата на крвотокот, кои создаваат високи трошоци за националните здравствени системи. Економските трошоци во Европската Унија кои годишно произлегуваат од последиците врз здравјето на луѓето предизвикани од загадувањето на воздухот Европската Комисија ги проценува меѓу 330 и 940 милијарди евра.

Акцискиот план на Комисијата не е само во полза на здравјето на граѓаните на ЕУ туку и на животната средина, на квалитетот на почвата и на водата за пиење, како и на растечката индустриска гранка за чисти технологии.

Европската Комисија има намера да се погрижи за тоа, земјите-членки да не ги пречекоруваат граничните вредности за штетни гасови во атомосферата. Комисијата планира да ги намали емисиите на штетни гасови од страна на индустријата, сообраќајот, фабриките и на земјоделството.