1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

47 деца загинаа во несреќа во Египет

ЖА/миа/ртре17 ноември 2012

Поради сообраќајната несреќа во која денеска во Египет (17.11) загинаа 47 деца, египетскиот министер за транспорт поднесе оставка.

https://p.dw.com/p/16ksD
Фотографија: dapd

Египетскиот министер за транспорт Рашад ал Метин и директорот на Управата на железницата поднесоа оставки пред претседателот Мохамед Морси, откако денеска во судар на воз со автобус загинаа 47 деца.

Во автобусот патувале 60 деца на возраст од четири до шест години од градинка, кои оделе на организирана екскурзија. Бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи многу деца се повредени, соопштија полициски извори.

„Ни рекоа дека рампата била крената кога автобусот ја минувал пругата и возот удрил во нив“, изјави лекарот Мохамед Самир.

Автобусот удрил во воз во градот Малафут, на 350 километри јужно од Каиро.

Претседателот Морси им нареди на премиерот, на министрите за одбрана и за здравство и на гувернерот на провинцијата Асјутт да пружат секаква помош на семејствата на жртвите.