5 трогателни изјави на љубов
Земете ги марамчињата, зашто овие љубовни изјави ќе ги трогнат дури и оние кои се откажаа од Денот на вљубените. Сепак, кој би можел да одбие понуда за брак со 1.000 рози?
Гунтер Сакс: 1.000 рози за Брижит Бардо
Француската „фем фатал“ и најпознатиот германски плејбој во тоа време беа како создадени еден за друг. Во 1966. година Гунтер Сакс, син на германски индустријалец, на познатата русокоса актерка и пејачка ѝ приреди драматична понуда за брак со 1.000 црвени рози. Иако двојката се разведе по три години, романтичниот гест стана легендарен.
„Ројал Алберт Хол“ од кралицата Викторија
Иако нивниот брак беше договорен, кралицата Викторија брзо „падна“ на шармот на сопругот Алберт. Тие беа неодвоени до смртта на Алберт во 1861. година. Деценија подоцна, Викторија оддаде почит кон животниот партнер со отварање на концертна сала во негово име - светски познатата „Ројал Алберт Хол“ во Лондон. Семејниот портрет прикажан на фотографијата е насликан во 1846. година.
Двокатен автобус
Кен Морган е поранешен возач на автобус, а Ширли Морган поранешна кондуктерка. Тие се запознале пред 61 година во еден двокатен автобус во Англија и нивната средба била љубов на прв поглед. Тие се сѐуште во брак и заљубени. Како знак за љубовта кон Ширли, Кен ѝ подарил невообичаен подарок: двокатниот црвен автобус во кој се сретнале за прв пат.
Љубовните солзи на Шинед О’Конор
Солзите на ирската пејачка Шинед О'Конор во видео спотот за песната „Nothing Compares to You“ во која таа пее за изгубена љубов, предизвикуваат морници. Оваа песна се смета за една од најемоционалните декларации на љубов во историјата на музичката индустрија. Солзите на крајот од видеото се вистински. Но, тие не се за некој маж туку за нејзината почината мајка.
Филмски момент во „Животот е убав“
Во драмската комедија на режисерот Роберто Бенини, италијанскиот Евреин Гидо и неговата жена и син се депортирани во нацистички концентрационен логор. Неговата изјава на љубов на крајот од филмот расплака милиони гледачи. Тој се збогува од сопругата преку разгласите во кампот, нарекувајќи ја принцеза. На фотографијата е прикажан германскиот постер за филмот.