1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

55 Франкфуртски саем на книгата со рекордна посетеност

13 октомври 2003
https://p.dw.com/p/AeWA

Денеска завршува 55 меѓународен Франкфуртски саем на книгата,најпознатиот и најголемиот за луѓето во својата бранша,но и за посетителите.Тие годинава се вратија кон книгата во зголемен број,годинашната посетеност на саемот беше рекордна-повеќе од 300 илјади посетители.

-Една приредба од соништата,одушевен е портпаролот Холгер Елинг на крајот на меѓународниот саем на книгата во Франкфурт.Тој ги има сите причини за радост-тренд барометарот кај излагачите и книжарите по две години повторно покажува пораст,околу осум проценти повеќе посетители во однос на минатата година.и што е исто така важно,сите се задоволни,напоменува Холгер Елинг: -Добро протече,имаме енормен позитивен одглас од излагачите,од публиката и од новинарите.Тоа се должи сигурно и на новиот концепт,на читателите да им се понуди повеќе отколку само разгледување што нудат издавачите и книжарите.

На саемот читателите можеа да го посматраат на пример Гинтер Грас како се забавува и танцува,германско рускиот автор Владимир Каминер ги анимираше читателоте читајќи извадоци од своите дела,но интересна беше и појавата на Али Мохамед-боксерската легенда. На саемот се презентираа повеќе од илјада автори,имаше повеќе од 3 илјади изложби,како и концерти.Новиот концепт на саемот,поголема отвореноста кон публиката и повеќе настани,беше успешна.Но,сето беше во рамките на браншата,а не само гола забава,мисли Холгер Елинг: -Ние сме стручна приредба,иако американските и британските издавачи претходно се изразија критички кон франкфуртскиот саем,дека не направил ништо повеќе отколку минатата година,сепак сега рекоа дека склучиле повеќе договори од кога и да е.

Незадоволни гласови меѓутоа имаше и кај германските издавачи.Ако булеварските sвезди и sвездички имаат примат пред најславната денешна германска писателска Криста Волф,ако на форумот на земјата гостин-Русија- беше понуден фолклор,а темата Чеченија не стоеше на дневен ред,тогаш може да се рече дека саемот на книгата го следеше трендот на популаризација.Тренд,кој во голем дел ги зафати германските медиуми.Сепак целосниот биланс е позитивен и и токму и со настапот на Русија како земја гостин саемот е задоволен.Холгер Елинг:

-Русија како тежишна точка сигурно беше голем успех,видовме и доживеавме нешто невообичаено.Руските автори,почнувајќи од Јерофејев,Сорокин,Пелевин,Дашкова постигнаа успех со своето презентирање.Се разбира дека ние сакаме покрај покрај вниманието да ги привлечеме читателите со интересни дела. Идната година во средиштето на саемот во Франкфурт ќе бидат арапските земји.