1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

60 години Израел: Израелци во Берлин

6 мај 2008

Берлин е едно од најпопуларните места за посети на Израелците. Пред се младите луѓе го ценат главниот град на Германија, кој за нив е поефтин од другите европски метрополи.

https://p.dw.com/p/DsD6
Споменикот на Холокаустот во БерлинФотографија: picture-alliance/ dpa

Не доаѓаат само туристи, туку многумина од нив остануваат подолго во градот, пред се уметници или студенти.

Кафетеријата „Фугер 20„ во Берлин. Во воздухот остар дим од цигари. Роберт Шверзенцер, околу 70 години, побелена коса, сив џемпер, со задоволство влече дим од неговата цигара. Ги донесол од Израел. Од неговите очи блика страст:

„Ова се сеќавања, вкусот, мирисот. Кога имав 18 години бев повикан во армијата. Старите пријатели Израелци велат, Боже се уште си нобл„

Растел во Израел. Неговите родители во 1939 година избегале од нацистите во Палестина. Во почетокот на 60-сеттите, по служењето во армијата, семејството се врати во Берлин. Градот во меѓувреме се промени, но не и луѓето. Дрски се и поопуштени отколу во други места, подеднакво како и Израелците:

„Кога одиш во Берлин Кројцберг во меана, па дури во центарот, целата атмосфера е посебна. Луѓето се отворени, вицкасти, имаат хумор, а тоа се работи што ги имаат и Израелците. Берлин, значи, е поатрактивен од другите градови во провинцијата„.

Само што е цигарата изгасната, а мирисот исчезна, мириса на кафе и други ориентални ароми, мешавина од миродии, но малку сладникави. Кафетеријата „Фугер 20„ располага со типично израелски јадења: фалафел, хумус и т’ина. Дел од татковината во Берлин.

Во Берлин нема многу такви места и само малку продавници што нудат израелски производи. Никој не го знае тоа подобро од Дан Мецгер. Дојде како момче – пред 40 години. Заедно со еден пријател, ја отвори првата израелска продавница во главниот град, а подоцна и ресторан со специјалитети. Во меѓувреме ужива во пензијата.

За да го негува хебрејскиот и пред се да остане во контакт со своите сограѓани, еднаш месечно оди во израелска кафеана:

„Има луѓе кои не знаат Германски, неодамна дошле во Германија и за нив е добро што постои група во која може да се зборува само хебрејски„.

Орагнизатор на овие средби е Илан Вајс. Денес доаѓаат околу 15 мажи и жени – од студенти до пензионери. Како живеат во Берлин тешко може да се каже. Илан Вајс смета дека не се толку многу како што се мисли:

„Од било кои причини се смета дека ги има многу повеќе отколку што вистина ги има. Ние на хебрејски велиме: прават преголем ветер. Затоа се чини дека ги има многу, но според мене нема повеќе од 5 илјади„.

Многумина Израелци доаѓаат како туристи, други сакаат долго да останат. Интересот за Берлин е голем, вели Михал Кимпер. Таа води израелски туристи низ еврејскиот музеј во Берлин. Во минатата година меѓу посетителите имаше скоро 22 илјади Израелци, на второто место, веднаш за Американците:

„Многу се поживи од другите групи, недисциплинирани, што значи мора да се напрегнеш за ги држиш мирни. Мислам дека е пријатно кога веднаш почнува дијалог„.

Секогаш е трогателно кога Михал Кимпер води израелска група низ кулата на холокаустот, тријаголна, многу тесна и висока кула од бетон. Една сцена посебно памети:

„Јас останав надвор кога слушнав како оние внатре почнаа да пејат. Беше тоа религиозна песна, ја знам, беше на хебрејски. Бев шокирана, а и луѓето надвор слушаа. Такво нешто никогаш немало„.

Во кафулето „Фугер 20„ стана помирно. Израелската рунда полека заврши. Секој повторно тргна по својот пат во германскиот Берлин. Но, сите ги поврзува едно: сознанието дека во секој момент можат да се вратат во нивната земја – во нивниот Израел.