1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

80-ти роденден на најскапиот уметник на светот

9 февруари 2012

Герхард Рихтер не е само најскапиот, туку и еден од најзначајните денешни уметници. Својот 80-ти роденден го слави онака како и што отсекогаш живее-скромно и тивко.

https://p.dw.com/p/14028
Герхард Рихтер сака мир и тишинаФотографија: picture-alliance/dpa

Герхард Рихтер е роден на 9 февруари 1932 година во Дрезден како син на нацист. Израснал во Германската Демократска Република од каде подоцна пребегал на Запад, каде во 70-те години ги доживеал терористичките напади на германската Фракција на црвената армија. На 11 септември 2001 година се наоѓал во авион на пат кон Њујорк. Сите овие настани, како и остснатите уметници, Рихтер ги разработува во своите дела. Единствената разлика е што тоа тој го правеше во тишина. Популарноста и речиси планетарниот успех кој го постигна секогаш ги оценуваше како „едноставно претерани“. Тишината и мирот, тврдат оние кои одблизу го познаваат, отсекогаш биле и останале приоритет во неговиот живот. Дури и цените кои ги постигнуваат неговите дела на пазарот на уметнички дела, според негово мислење се претерани. На пример, кога лани неговото дело „Свеќа“ беше продадено за 12 милиони евра, Рихтер изјави дека „цената во целост е апсурдна“.

Deutschland Ausstellung Gerhard Richter Panorama Neue Nationalgalerie Berlin
Платното „Свеќа“ е продадено за 12 милиони евраФотографија: Museum Frieder Burda, Baden-Baden, © Gerhard Richter, 2012

Сликање според фотографии

Кога во 1961-ва година стигнал од Дрезден во Диселдорф, се запишал на Уметничка академија, отсек сликарство и брзо пронашол сосптвен стил. По нацистичката уметност и плакативната пропагандна уметност на државните уметници во ГДР, речиси не верувал во сликарство. Почнал да користи фотографии- ги ставал покрај платното и ги пресликувал, најпрво црно-бели, потоа со повеќе бои, со текот на времето сликите само навестувале дека се работи за некој фотографски мотив.

Така настанала „Ема“ (1966-та година), платно кое му донесе цврсто место на германската, но и светската ликовна сцена и едно од неговите најпознати дела. Иако се работи за акт, во случајов за фотографија на сопругата на Рихтер која гола слегува по скалите на нивната куќа, на платното нема ништо порнографско, банално.

Gerhard Richter Ema Kunst Kunstwerk
„Ема“, клучно дело на РихтерФотографија: picture-alliance/dpa

Сиви слики на припадниците на РАФ

Герхард Рихтер во пет децении направи и неброени фотографии. Некои ги пренесе на платно, некои ги излагаше на изложби или ги комбинираше со други техники. Некои од неговите дела дигнаа прилично прашина,на пример „18-ти октомври 1977-ма“. Се работи за циклус од 15 слики во кои доминираат исклучиво различни тонови на сива боја а ги прикажуваат припаднициет на левичарската терористичка организацација Фракција на црвената армија, кој тој ден извршија колективно самоубиство во германските затвори. Во Германија ни во тоа време, ни подоцна, немаше многу разбирање за неговиот интерес за терористичката група. Но Музејот на современа уметност во Њујорк го процени квалитетот и ја откупи серијата за тогашни 3 милиони марки.

„Убавина која е тешко да се поднесе“

Делата на Рихтер до денес не се само израз на субјективното чувсво, туку и на сомневањата и прашањата со кои уметникот ќе се занимава веројатно до крај: што е всушност уметноста, што со неа може да се изрази? Тој притоа применува најразлични техники и стилови, едно од најпознатите дела последниве години се секако прозорците на јужното крило на катедралата во Келн. На околу 113 квадратни метри прозорска површина Рихтер користеше повеќе од 11500 ситни квадратни стакла во различна боја.

Bildergalerie Kölner Dom Fenster Gerhard Richter
Мали стакла во различна боја во катедралата во Келн-дело на РихтерФотографија: picture-alliance/dpa

„Тие во сончеви денови во внатрешноста на катедралата фрлаат светлина чие дејство е толку убаво што речиси е неподносливо“, изјави Барбара Шок-Вернер, одговорна за реставрација и обнова на катедралата во Келн.

Токму од неа за неговиот роденден Рихтер добива многу оригинален и вреден подарок за роденденот.

„Знаеме дека уметникот не сака никакви подароци, но решивме сепак да не ја почитуваме неговата желба. Му подаруваме камен од катедралата за неговиот двор. Каменот е навистина посебен, неговата површина го обединува целото минато и историја на нашата катедрала“, изјави Шок-Винтер.

Автор: Сабине Елце/ Жана Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски