1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

EК препорача почеток на преговори со Македонија

14 октомври 2009

Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија, соопшти еврокомесарот за проширување Оли Рен во Брисел при презентацијата на Извештајот за напредокот на земјата за 2009 година.

https://p.dw.com/p/K5xU
Оли РенФотографија: AP

„Сега можеме да препорачаме отворање на преговори за членство со ПЈРМ. Земјата оствари уверлив напредок и суштински се осврна на клучните реформски приоритети коишто во нивниот жаргон се нарекуваат 8 плус 1 одредница. Комисијата смета дека земјата ги задоволува критериумите од Копенхаген и овие елементи овозможија да препорача преговори за членство. Верувам дека Владата во Скопје ќе го сфати ова како мошне силен поттик и охрабрување конечно да го разреши прашањето за името, кое што е тука веќе 18 години“, рече Рен.

Одржувањето на добрососедските односи вклучително и преговорите за меѓусебно прифатливо решение за името под закрила на ОН, посочи Рен, останува од суштинска важност.

„Тоа сега е навистина посуштествено и поитно од кога било заради доброто и заради европската иднина на земјата“, додаде еврокомесарот Оли Рен.

Конечната одлука дали и кога Македонија ќе ги почне пристапните преговори ќе ја донесе Советот на ЕУ во декември.

Автор: АТ/ЖА/миа