1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаБразил

Болни „зелени дробови“

СН/дв
4 октомври 2023

Поради сушата и пожарите во областа на прашумите, луѓето и природата во Бразил во моментов страдаат. Бројни трупови на делфини беа пронајдени на брегот на езерото Тефе во Амазонија. Подобрување не е на повидок

https://p.dw.com/p/4X5Xf
BdTD Brasilien | Brände und Dürre in Tefe
Фотографија: Bruno Kelly/REUTERS

Се смета за „зелени дробови“ на планетата, но амазонската прашума е во лоша состојба. Бразил во моментов се бори со пожари и со голема суша. Во изминативе денови во регионот Тефе се измерени над 39 Целзиусови степени. Повеќе од 100 мртви делфини веќе се пронајдени  на брегот на истоименото езеро во Амазонија. Експертите сметаат дека причината за ова се  зголемените температури на водата во езерото. .