1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПатувањеИталија

Венеција од денеска наплатува дневна такса за туристи

25 април 2024

Венеција од денеска за прв пат ќе наплаќа пет евра за влез на туристите кои се во посета на градот на еден ден.

https://p.dw.com/p/4f9sq
Венеција Италија
Венеција, италијанскиот лагунски градФотографија: Luca Ponti/IPA/picture alliance

Сите посетители кои сакаат да одат во италијанскиот лагунски град, познат по своите канали и историски градби, во периодот од 8:30 до 16:00 часот, мора да платат специјален данок од пет евра, што се проверува на најважните точки за пристап до градот.

Ова ја прави Венеција првиот град во светот кој наплатува дневен влез, слично на забавните паркови. За тековната година во оваа тест фаза определени се вкупно 29 дена во кои ќе се наплатува таксата. Од денешниот четврток, пет евра ќе треба да се плаќаат до 5 мај. Потоа, таксата ќе се наплаќа и за сите викенди за време на главната туристичка сезона. Градот остварува високи приходи од масовниот туризам, но и многу страда од него.