1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел отфрла пауза во борбите во Газа

СН/агенции
4 ноември 2023

Израел ја отфрли можноста за привремен прекин на огнот во Појасот Газа додека не бидат ослободени заложниците киднапирани од екстремистите. Американскиот државен секретар Блинкен претходно повика на пауза во борбите.

https://p.dw.com/p/4YOei
Воените операции на израелските сили во Појасот Газа ќе продолжат сѐ додека не бидат ослободени заложниците
Воените операции на израелските сили во Појасот Газа ќе продолжат сѐ додека не бидат ослободени заложницитеФотографија: Israel Defense Forces/AP Photo/picture alliance

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека отфрла каков било привремен прекин на огнот во војната против Хамас, кој не вклучува ослободување на сите заложници.

Израел отфрла привремен прекин на огнот кој не вклучува ослободување на нашите заложници. Израел нема да дозволи влез на гориво во Газа и се противи на испраќање пари во Појасот Газа“, порача Нетанјаху во синоќешното (03. ноември, 2023) телевизиско обраќање, по средбата со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Тел Авив.

Тој додаде дека Израел нема да запре со воените операции додека не победи.

„Ќе го уништиме Хамас, ќе ги вратиме заложниците и ќе ја обезбедиме безбедноста на нашите граѓани и деца“, рече Нетанјаху.

Американскиот државен секретар Блинкен и израелскиот премиер Нетанјаху на средба во Тел Авив на 3 ноември, 2023
Американскиот државен секретар Блинкен и израелскиот премиер Нетанјаху на средба во Тел Авив на 3 ноември, 2023Фотографија: Amos Ben Gershom/Israel Gpo/ZUMA Wire/IMAGO

Тој ги пофали израелските војници, велејќи дека тие „убиваат терористи во Газа деноноќно“, во тесна соработка на копнените и воздушните сили на израелската армија (ИДФ).

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен беше третпат во Израел од почетокот на војната на Блискиот Исток во октомври. Тој му повтори на Нетанјаху дека еврејската држава има поддршка од САД за нејзината вооружена борба против Хамас, но рече и нешто што американскиот претседател Џозеф Бајден веќе го кажа - дека е потребна пауза во борбите за да се олесни сѐ потешката хуманитарна криза во Газа.

По разговорите со Нетанјаху, Блинкен рече дека пауза во воените операции е неопходна за да се достави дополнителна хуманитарна помош и да се помогне во ослободувањето на заложниците киднапирани од Хамас на 7 октомври.

Агонијата на семејствата на заробените Израелци продолжува

Американските власти велат дека не бараат прекин на огнот, туку кратки паузи во одредени области за да се овозможи испорака на хуманитарна помош и други хуманитарни активности, по што Израел би можел да продолжи со воените акции.

Хамас, палестинското милитантно движење кое управува со Газа, во својот ненадеен напад врз Израел на 7 октомври уби околу 1.400 цивили и зеде заложници, како Израелци така и странци.