1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Koj е на фотографијата?

28 февруари 2011
https://p.dw.com/p/R0n8
Фотографија: AP

Кариерата на оваа актерка почна во деведесеттите години, а вистинскиот пробив го доживеа со трилогијата „Војна на ѕвездите“, каде ја играше кралицата Амидала. На овогодинешното доделување на Оскарите во Лос Анџелес, Американката со израелско потекло ја освои статуетката за најдобра главна женска улога во филмот „Црниот лебед“.

Како се вика актерката, која успешно ја долови шизофреничната балерина во еден од најголемите филмски хитови годинава?

Одговорите можете да ги испраќате на адреса: macedoni-quiz@dw-world.de

Одговорот на претходното прашање гласи: Златна мечка.

Добивме вкупно 196 точни одговори.

Добитничка на козметичко огледало со логото на Дојче веле е Марија Поповска од с. Сопотница.