1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"My number one” – победник на изборот на Песна на Евровизија

22 мај 2005
https://p.dw.com/p/AeUh

Грчката песна “Ти си мојот број еден“ е победник на Изборот за песна на Евровизија. Огнено жестоко натурализираната Швеѓанка, Елена Папаризу, ја отпеа, а богами и одигра својата нумера, која им се допадна на најголемиот дел од над стоте милиони гледачи на 50-тиот јубилеен избор во Киев. Наградата за најдобра песна на Евровизија на грчката пејачка и ја додели украинскиот претседател, Виктор Јушченко. “Ова е награда за песната која ја обединува Европа“, рече тој врачувајќи ја наградата. Таа, пак ,а прес конференцијата потоа уверено изјави: “Грција е повеќе од подготвена да биде домаќин на наредниот избор за песна на Евровизија“.

Цела Атина со петарди ја славеше победата на Елена, а центарот на градот беше блокиран од автомобили завиткани во грчки знамиња од кои ечеше победничката песна.

Второто и третото место вчеравечер им припаднаа на Кјара од Малта и песната “Ангел“, како и на еенргичната Романка Луминита Ангел и песната “Дозволи да се обидам“. Дали Евровизијата ќе се побалканчи, како што стравуваат дел од аналитичарите кои ја познаваат проблематиката, останува да се види, но она што е сигурно е дека балканските земји и нивниот мелос навистина ја освојуваат Европа. На пример, дури три земји од поранешна Југославија се пласираа директно во финалето за следната година.

No Name од Србија и Црна Гора ја зачинија нивната “Заувијек моја“ со типичен црногорски танц. И, завршија на седмото место.

На единаесетата позиција се најде нумерата што ја отпеа Борис Новковиќ за Хрватска. “Волците умираат сами“ – исто така мешавина со етно елементи.Затоа, пак, типичен поп понудија тртие Боснаки. Песната “Јави се“ беше отпеана на англиски, во духот на Аба, триото Феминем беше во куси здолништа и ...четиринаесетото место беше освоено.

Македонскиот претставник Мартин Вучиќ, и неговата „Make my day“ се најдоа на 17 место. Желбата на Мартин да обезбеди пласман директно во финалето за следната година, не се оствари, но...можеби повеќе среќа догодина.

Германците се разочарани – Грација и нејзината „Run and Hide“ оваа година на Евровизија се фенерџии – последно место, и само четири освоени бода. Но, Грација по настапот, се обиде да не биде премногу разочарана – ја презентиравме Германија така што можеме да се вратиме горди дома. Може да има само еден победник, а еден мора да биде и последен, вели до неодамна нежната русокоса, а сега рокерка во црно, Грација.