1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Песков: Делумната мобилизација е завршена

ЕМФ / ртр
1 ноември 2022

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека делумната мобилизација во Русија е завршена.

https://p.dw.com/p/4IvLh
Дмитри Песков
Дмитри ПесковФотографија: ITAR-TASS/IMAGO

Делумната мобилизација во Русија е завршена, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, додавајќи дека за ставање крај на мобилизацијата не е потребен декрет на претседателот Владимир Путин.

Правниот оддел на Админстрацијата на Претседателот ја донесол конечната оценка, информираше Песков на средба со новинарите. На прашањето дали Путиновиот декрет од 21 септември за делумна мобилизација во земјата останува во сила, Песков кратко одговори: „Не.“'

Според наводи на руските власти, за еден месец биле мобилизирани 300.000 резервисти и натамошна мобилизација не е потребна. Со оглед на тоа што не е потребен декрет за ставање крај на мобилизацијата, кај населението постои страв дека таа би можела повторно да почне.

Путин вчера изјави дека ќе се консултира со правни експерти околу тоа дали е потребен декрет за завршување наделумната мобилизација. Песков денеска вели дека „декрет не е потребен“.

По почетокот на делумната мобилизација во Русија,стотици илјади мажи избегаа во Грузија, Ерменија и Казахстан. Против мобилизацијата имаше и протести, на кои беа уапсени околу 2000 лица.