1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиНикарагва

Никарагва со тужба против Германија пред МСП

СН | АРД
2 март 2024

Бидејќи официјален Берлин политички и воено го поддржува Израел и ги блокираше фондовите на УНРВА, Никарагва поднесе тужба против Германија пред Меѓународниот суд на правдата. Обвинението: овозможување на геноцид.

https://p.dw.com/p/4d6Lr
Поднесокот на Никарагва против Германија до Меѓународниот суд на правдата се надоврзува на претходната тужба поднесен од Јужна Африка против Израел
Поднесокот на Никарагва против Германија до Меѓународниот суд на правдата се надоврзува на претходната тужба поднесен од Јужна Африка против ИзраелФотографија: Maksym Drabok/DW

Централноамериканската држава Никарагва поднесе тужба против Германија до највисокиот суд на ОН. Таа ја обвинува Сојузната Република за „овозможување на геноцид“ во Појасот Газа. Авторитарната држава го оправда својот потег со политичката, финансиската и воената поддршка на Германија за Израел и со откажувањето на финансирање на палестинската хуманитарна агенција УНРВА на ОН, како што соопшти Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг. Германија на тој начин не ја исполнува својата обврска да „направи сѐ што е можно за да спречи извршување на геноцид“, се наведува во поднесената апликација. Земјата повика на итна одлука против Германија.

По наводите дека вработените во УНРВА биле вмешани во нападот без преседан на исламистичкото движење Хамас врз Израел на 7 октомври, голем број големи земји донатори престанаа да придонесуваат за агенцијата за помош. Покрај Германија, тоа се САД, Велика Британија и Шведска.

Тужбата на Јужноафриканската Република

На крајот на декември, Јужноафриканската Република - како Никарагва, силен поддржувач на палестинските права, го тужеше Израел пред Меѓународниот суд на правдата за наводно прекршување на Конвенцијата за геноцид извршено во војната во Газа. Судот на ОН, во привремена одлука, нареди Израел да преземе заштитни мерки за да спречи геноцид. Другата итна жалба поднесена од Јужна Африка против Израел поради претстојната воена офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа е отфрлена.

Како изгледа Газа по речиси три месеци војна?

Нападот на Хамас и одговорот на Израел

Стотици членови на терористичката организација Хамас влегоа во Израел на 7 октомври и извршија злосторства пред сѐ против цивили. Според израелските информации, тие убија повеќе од 1.100 луѓе, а киднапираа околу 250 како заложници во Појасот Газа. Како одговор на нападот на Хамас, Израел оттогаш презеде масовна воена операција во Појасот Газа, со декларирана цел да го уништи Хамас. Според податоците на Министерството за здравство на Хамас, кои не можат да се проверат независно, оттогаш се убиени повеќе од 30.000 луѓе.