1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаПолска

Промена на власта во Полска

ЕМФ | агенции
12 декември 2023

Речиси два месеца по парламентарните избори во Полска, Доналд Туск денеска треба да го претстави својот кабинет и да даде владина изјава.

https://p.dw.com/p/4a33Z
Доналд Туск е избран за нов премиер на Полска
Доналд Туск е избран за нов премиер на ПолскаФотографија: Michal Dyjuk/AP/dpa/picture alliance

Полскиот парламент со 248 гласа „за“ го избра Доналд Туск од либерално-конзервативната Граѓанска коалиција (КО) за нов премиер на земјата. Против беа 210 пратеници. Претходно, премиерот Матеуш Моравјецки од национално конзервативната партија Право и правда (ПиС) загуби на гласањето за доверба.

Алијансата на Туск, чиј дел се и Третиот пат и Новата левица има мнозинство во полскиот парламент уште од 15 октомври, но пратеничката група на ПиС е сѐ уште најсилна. Наспроти слабите шанси за составување коалиција, претседателот Анджеј Дуда, кој и самиот доаѓа од редовите на ПиС, прво му го додели мандатот за составување влада на Моравјецки. Тој, очекувано, не успеа да добие доверба во парламентот, со што се отвори патот за 66-годишниот Туск.

Доналд Туск беше премиер на Полска и во периодот од 2007 до 2014 година. Сега од неговата нова влада се очекува да ги подобри односите со Европската унија и да ги релаксира односите со соседна Германија. Владата на ПиС беше во конфликт со Брисел пред сѐ поради уназадувањето на земјата во делот на правната држава.