1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ако кризата потрае, загрозен е опстанокот на ЕУ

14 септември 2011

Европските политичари стравуваат од неуспех на целиот европски проект доколку должничката криза во еврозоната не биде решена, особено кога ризиците од банкрот на Грција се зголемија.

https://p.dw.com/p/12Z5w
Жозе Мануел Барозо предупредува од криза на целиот ЕУ-проектФотографија: dapd

Во денешната (14.09) дебата во Европскиот парламент, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо констатира дека ЕУ се соочува со најтешкиот предизвик на оваа генерација. „Ова е борба за политичката иднина на Европа и за европската интеграција“, нагласи Барозо.

Тој ги повика земјите од еврозоната да ги спроведат мерките кои беа усвоени на 21 јули, за да може се реализира вториот план за спас на Грција во износ од 160 милијарди евра. На подолг рок, единствениот начин за спас од вакви ситуации е поголема економска интеграција, оцени Барозо. Тој најави и дека Европската комисија наскоро ќе предложи опции околу воведувањето на еврообврзници.

 Автор: ГЧ/миа

Редактор: Е.М.Фиданоска