1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Германија живеењето чини 2.390 евра месечно

ЕМФ /агенции
13 март 2017

Приватните домаќинства во Германија најмногу пари трошат за домување, или околу една третина од примањата.

https://p.dw.com/p/2Z5Mr
Symbolbild Kindergeld und Erziehungsgeld in Deutschland Miniatur Figur
Фотографија: picture alliance/dpa/

Просечните издатоци за домување во Германија изнесуваат 859 евра месечно, односно за тоа се трошат околу 36% од месечните примања, соопшти денеска Сојузниот завод за статистика во Визбаден по повод Светскиот ден на потрошувачите. Тоа значи дека една третина од платите на членовите на приватните домаќинства одат за станарини или кредит за стан, енергија и одржување на домот. Во последните десет години овој дел од трошоците пораснал благо - од 33% во 2005 година на 36% во 2015 година. Притоа, во 2015 година во категоријата едночлено домаќинство е забележана потрошувачка од 41% за домување, во домаќинствата од два члена - 35%, додека во домаќинствата составени од четири членови трошоците изнесуваат 33%. Домаќинствата кои бројат повеќе од четири членови месечно трошат 31% од својот буџет за домување.

На второ место во делот на потрошувачката се издатоците за прехранбени намирници, пијалоци и цигари (14 проценти), додека на трето место се издатоците за сообраќај (13 проценти).

Натаму следуваат трошоците за слободно време, забава и култура (11 проценти). Останатиот дел од примањата, околу 27 проценти, се трошат на облека, здравствени услуги, хотелски трошоци, поштенски услуги и телекомуникации.

Во просек, едно просечно приватно домаќинство месечно троши по 2391 евро.