1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гбагбо конечно заробен

11 април 2011

Долгогодишниот претседател на Брегот на Слоновата Коска, Лорен Гбагбо денеска (11.04.2011) е уапсен од страна на силите лојални на неговиот ривал Аласан Уатара, поддржани од трупите на ОН и на Франција во Абиџан.

https://p.dw.com/p/10rQi
Лорен ГбагбоФотографија: dapd

Портпаролот на Аласан Уатара, кој по изборите пред 4 месеци е меѓународно признатиот претседател на Брегот на Слоновата Коска соопшти дека Гбагбо, кој поттикна конфликт во земјата, бидејќи одбиваше да ја напушти власта, по апсењето во неговата резиденција, бил пренесен во Голф хотелот во Абиџан, во кој се наоѓа штабот на силите лојани на Уатара.

Elfenbeinküste UN Truppen Abidjan
Ангажманот на мировниците на ОН клучен за апсењето на ГбагбоФотографија: dapd

Истовремено француското министерство за одбрана и амбасадата на Франција во Абиџан потврдија дека Гбагбо бил уапсен од трупите лојани на демократски избраниот претседател Уатара поддржани од мировниците на ОН и француските војници. Француските дипломати негираа меѓутоа дека француски војници продреле во резиденцијата во која Гбагбо беше забарикадиран изминатите денови.

Во меѓувреме и ОН соопштија дека Гбагбо и неговата сопруга Симон им се предале трупите лојални на Уатара и се наоѓаат во нивно заробеништво. Очевидци за светските агенции изјавија дека виделе како трупите на Уатара влегуваат во резиденцијата на Гбагбо, а француските и силите на ОН ги обезбедуваат патиштата кои водат до неа.

Воени хеликоптери на ОН и на Франција рано утрината започнаа да ја бомбардираат резиденцијата на Гбагбо откако генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун нареди мировниците да ги преземат сите можни мерки за заштита на цивилното население од нападите на Гбагбо.

Автор: СН/АТ/ртр/ап/афп

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема