1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски ја честита победата на македонската кошаркарска репрезентација

4 септември 2011

Македонскиот премиер Никола Груевски синоќа во телефонски разговор со селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марин Докузовски му ги пренесол своите честитки за остварената победа над грчката репрезентација

https://p.dw.com/p/12SmL
Фотографија: MAKFAX

Груевски, како што соопшти владината прес-служба, истакна дека оваа победа и храбрата и пожртвувана игра е историски подвиг кој силно ја израдува нацијата, ја сплоти и придонесе за чувството на гордост на секој граѓанин.

„Овој голем успех, за кој се најзаслужни играчите и членовите на стручниот штаб, е успех за секој граѓанин, успех за Македонија, пример дека со труд, желба и залагање, како што покажа кошаркарската репрезентација, прогресот и триумфите во секоја област се достижни и остварливи“, истакна премиерот Никола Груевски во телефонскиот разговор со селекторот Докузовски.

Македонија го победи двократниот европски кошаркарски првак Грција со 72:58 во 3. коло од еврошампионатот штосе одржува во Литванија.

Македонската кошаркарска репрезентација денеска во 14:30 часот во Алитус во рамките на натпреварите од 4. коло за противник ја има репрезентацијата на Финска.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски