1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали е можен германски Обама?

Јилиде Данисман 10 ноември 2008

Мнозинството Германци се’ уште не можат да замислат канцелар со миграциско потекло. И мислењата на политичарите по ова прашање се поделени.

https://p.dw.com/p/Fqtu
Приврзаник на Обама во ГерманијаФотографија: AP

Според неодамнешната анкета на институтот „Форса“, поголемиот дел од Германците, сеуште не можат да си замислат на чело на германската влада да застане човек со странско потекло. 58% од испитаниците сметаат дека Германија е далеку од ваков чекор, наспроти 39 насто кои би прифатиле ваква опција.

И политичарите се поделени по ова прашање

Портпаролот на пратеничката група на Зелените, Озџан Мутлу смета дека во Германија сеуште нема услови за вакво нешто. “Би било пожелно за земјата, етничката разноликост да се отсликува и на владино ниво. Но, се уште сме многу оддалечени од ваквата реалност,“ вели Мутлу. Според него, Германија не може да се спореди со САД каде состојбата со човековите права е поинаква. Поради ова, од редовите на германските мигранти сеуште не изникнал некој како Обама, заклучува Мутлу.

BdT Obama in Berlin - Rede 2
Минатото лето Обама гo одушеви и БерлинФотографија: AP

Можен канцелар со миграциско потекло!

Пратеникот во Бундестагот од редовите на СПД, Јосип Јуратовиќ е уверен дека и тука може да се случи германски Обама. Четириесет и девет годишниот пратеник со хрватско потекло вели дека тоа лежи во демографскиот развој на земјата, односно во фактот што 30 до 40 проценти од германските граѓани имаат миграциско потекло,а во меѓувреме се повеќе мигранти се избрани и за парламентарци. Својот став, дека е можно да се избере канцелар со мигрантско потекло, Јуратовиќ го поткрепува со фактот дека основен предуслов за некој да биде избран на оваа функција е да се смета за претставник на сите граѓани. „Исто онака како што тоа го прави и Обама кој изрично нагласува дека сака да биде претседател на сите Американци,“ вели Јуратовиќ.

Ваквиот процес не треба да се забрзува

Емине Демирбикен Вегнер, пратеничка на ЦДУ во покраинскиот парламент на Берлин, која има турско потекло, смета дека дискусијата за евентуален германски Обама е несоодветна. Според неа тоа е поради фактот што развојот на мигрантите во Германија се разликува од оној во САД. Таа нагласува и дека Америка има поинаква историја и успехот на Обама не може да се пренесе во Германија. „Независно од Америка, ние можеме да почнеме разговор колку Германија е зрела за ваков процес. Дури сметам дека ваквата дискусија ќе биде неизбежна доколку во Бундестагот се зголемува бројот на пратеници со миграциско потекло. Но тоа е процес, кој не смее да се забрзува,“ вели Вегнер.

Integrationskurse für Ausländer
Германија е земја во која живеат многу странциФотографија: dpa - Bildfunk