1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Двајца војници на КФОР ранети во Косово

28 ноември 2011

Во северниот дел од Косово денеска од истрели се ранети двајца војници на КФОР во судирите со српските демонстранти.

https://p.dw.com/p/13ILg
КФОР при отстранување српски барикади на Косово, архивска снимкаФотографија: dapd

Како што соопштија од меѓународните мировни сили на Косово, нивните војници успеале уличната блокада во Зупче, во близина на границата со Србија, да ја стават под своја контрола. Во тој момент српските демонстранти пукале во војниците и раниле двајца од нив. Не се соопштени детали за состојбата на повредените.

Состојбата на границата меѓу Косово и Србија веќе неколку месеци е затегната. Србите протестираат против преземањето на граничните премини Јариње и Брњак од страна на косовски полицајци и царински службеници.

Автор: ЖА/АТ/дапд

Редактор: Горан Чутаноски