1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

170609 Iran Bundestag Debatte

18 јуни 2009

Германскиот Бундестаг се занимаваше со актуелната ситуација во Иран. Од редовите на сите фракции е искажана солидарност со демонстрантите и надеж дека развојот во таа земја ќе се одвива мирно.

https://p.dw.com/p/ISWv
Фотографија: AP

Пратеникот на либералите Вернер Хојер доби аплауз од сите страни за следниве зборови изречени од парламентарната говорница: „Симнувам шапка пред стотиците илјади Иранци кои го кренаа гласот за подобра иднина, и покрај опасноста по живот. Тие бараат да се слушне нивниот глас, да биде избројан и за тоа влегуваат во голем ризик. Тоа би можело по малку не не засрами нас во нашата безбедна Европа, каде се чини дека дека го заборавивме вреднувањето на она, што значи да имаш сопствен глас, да можеш да го дадеш и да опстојуваш врз тоа, гласот да ти биде изброен“.

Сликите од Иран го потсетуваат Јирген Тритин, кандидат за канцелар од редовите на Зелените, на 1979 година, кога беше соборен шахот и настана Исламска Република. Тој констатира: „Ова сепак не е востание против оџите. Има многумина свештеници, кои излегуваат на улица заедно со либералите и конзервативните, со помладите и постари студенти, со деловните луѓе и работниците“.

Аранжирани наместо демократски избори

Der Vorsitzende des Auswärtigen Ausschusses im Deutschen Bundestag, Ruprecht Polenz
Рупрехт ПоленцФотографија: DPA

Говорниците се воздржуваа од оцена на настаните. Сите истакнаа дека имало фалсификување, иако е нејасно во кои размери. Претседателот на парламентарната Комисија за надворешна политика, демохристијанинот Рупрехт Поленц, нагласи: „Како и да поминале изборите, како и да биле избројани гласовите, уште однапред тоа не беа демократски, туку аранжирани избори. Од преку 400 кандидати, смееја да настапат само четворица, другите однапред беа исклучени од Советот на чуварите на револуцијата, во една многу нетранспарентна постапка“.

Критика до ставот на парламентарното мнозинство

Единствен што го критикуваше ставот на парламентарното мнозинство кон иранското раководство, беше Норман Паех, говорник од Левичарската фракција. Тој направи споредба со изборите во палестинските подрачја во 2006, како што рече, признаени како фер и слободни. „Тоа беше најдолна точка на демократско лицемерие - прво да се бараат избори, а потоа да се отфрла нивниот резултат и уште и да се бојкотира победникот. Каде беше тогаш демократската побуна во парламентот?“

MdB Norman Paech Linkspartei
Норман ПаехФотографија: picture-alliance/ dpa

На сомневањата во исходот на изборите во Иран, Паех контрира со нaведување дека независни американски истражувачки институти предвиделе јасна предност на претседателот Ахмадинеџад. Нему, пак, му се спротивстави Едуард Линтнер од баварската Христијанско-социјална унија - ЦСУ, велејќи дека ниедна анкета не предвиде победа на Ахмадинеџад веќе во првиот круг од гласањето. Линтнер упати апел до религиозното раководство во Иран, кое вети проверка на изборите. „Религијата и религиозните водачи и во Иран треба секогаш да се чувствуваат обврзани кон вистината, на тоа треба да се чувствува обврзан и врховниот водач Хамнеи при оценувањето на коректноста на изборите“.

За неговиот колега од фрајкцијата, Холгер Хајбах, фактот дека имало неправилности, сам по себе докажува дека резултатот не може да биде в ред, оти нема смисла да се фалсификуваат избори, ако постои сигурност во победата.

Автор: Петер Штицле / Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска