1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дивеењето на ЕП не престанува

ЕМФ/сид/ард16 јуни 2016

По големите навивачки безредија во Лил, француската полиција уапси 36 лица. 16-мина се пренесени во болница. Насилството најверојатно го иницирале англиските фанови.

https://p.dw.com/p/1J7PB
Фотографија: Getty Images/C. Court

Високоризичниот натпревар меѓу Англија и Велс е денеска на планот на Европското фудбалско првенство во Франција, но дел од навивачите со дивеење почна уште од вчера. Во Лил, во судир со околу 200 англиски насилнички навивачи, полицијата мораше да употреби солзавец и палки. Уапсени се 36 лица, а во болница пренеси 16, соопшти полицијата. Безредијата почнале откако се слушнала силна експлозија од, најверојатно, пиротехнички материјали.

Лил - сцена за насилниците

За да не се повторат безредијата на хулиганите од саботата, по натпреварот меѓу Англија и Русија, денеска ќе има засилено присуство на безбедносните сили во Ленс, каде што се игра натпреварот меѓу Англија и Велс. Безредијата од саботата и последиците од нив ја оптоваруваат сѐ повеќе и политичката клима. По апсењето на повеќе од 40 руски фанови во вторникот, Министерството за надворешни работи во Москва го повика францускиот амбасадор и му укажа дека „натамошно потпалување антируско раположение“ може значително да ги оптовари руско-француските односи. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пак, ги критикуваше апсењата како прекршување на меѓународните правила. Тој истовремено, меѓутоа, ги обвини и руските фанови за несоодветно однесување.„Неприфатливо е како се однесуваа некои наши граѓани, кои отпатувале со пиротхенички материјали“, рече тој.

Frankreich Lille Polizei Krawalle Fußballfans
Фотографија: Getty Images/C. Court

Инаку, УЕФА како високоризичен дуел го оцени и денешниот натпревар меѓу Германија и Полска. Германските власти на околу триесетина хулигани не им дозволија да отпатуваат на ЕП. Извесен број хулигани пак има добиено органичување на движењето, односно тие не смеат да напуштаат одредени региони, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.