1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Евроинтеграцијата на Македонија е заробеник

2 февруари 2011

Во Европската унија никој не крие дека постои страв од проширување, иако Европскиот парламент му даде зелено светло на Договорот за стабилизација и асоцијација на ЕУ со Србија.

https://p.dw.com/p/QxWE
Ќе се спростре ли знамето на ЕУ до Западен Балкан?Фотографија: AP

Обично кога станува збор за воздржаност кон проширувањето се покажува со прст кон Франција и Германија. Францускиот европратеник Жан-Мари Кавада од редовите на Народните партии го признава тоа:

„Во Франција постои извесна заладеност, па дури и страв за проширување кон дел од земјите, меѓу нив и од Балканот. Ова не е позиција на мнозинството на земјата, тоа доаѓа од крајните политички и популистички партии кои мислат дека ако се прошириме кон Македонија, тоа ќе ја заплаши Бретања или ќе и‘ наштети на Нормандија. Тоа се опасни тези, бидејќи само се во полза на трговијата на популизмот и се против логиката и геополитичката интелигенција. Ние сите сме на Европскиот континент и треба да научиме да работиме заедно на начин кој ќе дозволи да се намалат тензиите од минатото кои доведоа до Првата и Втората светска војна.“

Frankreich EU Eiffelturm in EU-Farben Ratspräsidentschaft
Во Франција постои извесна заладеност кон проширувањето, вели Жан-Мари КавадаФотографија: AP

Земјите кандидати треба да направат напори

Францускиот европратеник смета дека сите земји од Балканот треба да станат членки на ЕУ.

„Претходно, се разбира тие треба да направат значајни напори, не се работи само за економските критериуми. Не може да се бара од земји кои излегуваат од големи тешкотии за пет или десет години да бидат на нивото на оние кои се просперитетни од пред педесет години. Но, затоа пак, од гледна точка на корупцијата, слободата на медиумите и нивната независност и независноста на судството наспроти извршната власт, тоа се основните услови кои овие земји ќе треба да знаат да ги разрешат за да влезат во Унијата“, оценува Жан-Мари Кавада.

Македонија е на потег?!

Мариета Јанаку, грчка европратеничка од редовите на Нова демократија и поранешна грчка министерка за здравство, образование и верски заедници, исто така смета дека земјите кандидати треба да направат напори за да станат членки на Унијата, за што се поддржани од Грција.

На забелешките на некои европратеници кои сметаат дека Грција не се покажува доволно солидарна со другите европски земји во однос на европските интереси за проширувањето на Унијата со блокадата на Македонија, како што тие покажаа солидарност за време на грчката криза, Јанаку одговара:

Karte Griechenland und Mazedonien
Грчко-македонскиот спор за името ги кочи евроинтеграциите

„Грција ја промени позицијата за време на претходната влада, истото сега треба да го направи и другата страна. Нема влада во Грција која ќе ги отвори вратите на Европа или на НАТО ако другата страна не прифати да го реши прашањето со името“, вели грчката европратеничка.

На прашањето дали тоа ќе биде можно да се направи набрзо, грчката европратеничка одговара:

„Мислам дека е можно, колку побрзо тоа подобро. Ние се надеваме, бидејќи Грција го направи потребниот чекор. Имам впечаток дека од другата страна се играше многу со популизам поради ова прашање. Сега е тешко за нив, бидејќи во политиката е потребно да се донесат одлуки.“

Проширувањето на ЕУ е приоритет за Унгарија

Унгарија проширувањето на ЕУ го стави како еден од нејзините приоритети за време на претседавањето со Унијата. Унгарскиот европратеник од редовите на групата на социјалистите, Чаба Табајди, кога станува збор за проширувањето на Европската унија, нагласува дека во неговата земја и покрај разликите во внатрешната политика, постои консензус, што беше потврдено и во обраќањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан пред Европскиот парламент.

EU Ungarn Frankreich Ministerpräsident Viktor Orban in Europaparlament in Straßburg
Унгарија тврди дека го познава Балканот подобро од мнозинството членки на ЕУ (на фотографијата унгарскиот премиер Виктор Орбан во ЕП)Фотографија: picture alliance/dpa

„Тој потврди дека проширувањето е еден од големите унгарски приоритети, ова поради нашата географска положба. Ние го познаваме регионот многу подобро од мнозинството земји членки на Унијата. Ние се обидуваме да го забрзаме процесот на приближување на сите земји од Западен Балкан, кои не се наоѓаат на ист степен на евроинтегративните процеси“, вели Табајди.

Разочараност поради застојот на Македонија

Во однос на блокадата на евроинтеграциите на Република Македонија, унгарскиот европратеник вели:

„Лично сум разочаран, бидејќи процесот на интеграцијата на Македонија е заробеник на премногу тврдата грчка позиција. Убеден сум дека унгарската дипломатија и унгарското претседателство ќе работи на ова прашање.“

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска