1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европратениците препорачуваат: преговори без одолговлекување!

10 февруари 2010

Европскиот парламент со огромно мнозинство од 548 гласови „за“, 45 „против“ и 35 „воздржани“ ја усвои резолуцијата со која се поздравува напредокот на Република Македонија на патот кон ЕУ.

https://p.dw.com/p/Ly9x
Фотографија: AP

Во усвоената резолуција, европратениците препорачуваат почеток на преговори без понатамошно одолговлекување, а меѓу другото Македонија се повикува да продолжи со реформите во јавната администрација, борбата против корупцијата и одржување на меѓуетничките односи со целосно спроведување на Охридскиот договор.

Отпадна амандманот на грчката европратеничка Мариа Елени Копа со кој се бараше да се избрише делот на резолуцијата, со кој се подвлекува одлучувачката одговорност на владите од регионот во областа на мирот, безбедноста и стабилноста, исто како и значајната улога која ја играат институциите на ЕУ и одлучно ги моли истите внимателно да се грижат за последиците од нивните одлуки и акции. Во овај контекст, се изразува загриженост поради одлагањето на одлуката за идните етапи во процесот на зачленување на Република Македонија од страна на Европскиот совет, што ризикува да ја влоши меѓуетничката политичка затегнатост во земјата и да има негативни последици за целиот регион. Со други зборови, европратениците се одлучија да извршат притисок врз сите страни за Македонија да напредува на патот кон ЕУ.

Во резолуцијата влезе и нов дел предложен од Улрике Луначек, со кој се бара од македонските власти во законската регулатива за борба против дискриминацијата да се признае како дискриминација и таа што е втемелена на сексуалната определност на лицата.

Добрососедските односи се значајни

Дебатата траеше повеќе од три и пол часа, но се дебатираше заедно за трите земји кандидати: Македонија, Хрватска и Турција.

Дебатата најдобро ја резимира шпанскиот државен секретар за европски прашања, Диего Лопез Гарридо, кој во името на Европскиот совет рече:

„Што се однесува за Македонија, дебатата се концентрира воглавно на прашањето за името, тоа не критериум од Копенхаген, но јасно е дека добрососедските односи се значајни за сите земји, треба да се води сметка за чувствителноста, потребна е едногласност од земјите членки за да се отворат преговорите! “ Но, преговорите за името остануваат во рамките на процесот кој се води во ООН.

Колку уште да се чека?

Германскиот европратеник Јоргос Шацимаркакис, како претседател на делегацијата за соработка со Македонија, нагласи дека не треба да се заборави дека пред 4 години и‘ е доделен статусот на земја кандидат и сега се поставува прашањето кога ќе биде доделен датумот за преговори.

Europäisches Parlament in Straßbourg
Европскиот парламент во СтразбурФотографија: EU

„Сакам да им испратам повик на сите заинтересирани страни: проблемот со името мора да биде надминат и ритамот на преговорите по одлуката на декемврискиот самит и доаѓањето на новата грчка влада треба да се искористи и да се продолжи да се работи за наоѓање решение.“

Едуар Кукан смета дека постои долг за земјата која забележала „осигуривачки“ напредок:

„Парламентот треба да застане одлучно зад препораката на ЕК за почеток на преговори и со усвојувањето на резолуцијата да и‘ се испрати позитивен сигнал на земјата и на целиот регионот“.

Берндт Поселт беше уште појасен: Нашите очекување се јасни: преговорите со Хрватска да бидат заклучени годинава и да започнат тие со Македонија.

Изутрината известувачот за Макеоднија, словенечкиот пратеник Зоран Талер, целта на неговиот извештај и резолуцијата вака ја сумираше: „Да и‘ се помогне на Македонија да напредне на патот на стабилноста за зачленување во ЕУ и да и‘ се помогне на Грција за да се реши проблемот со името.“

Според Талер, властите од Скопје ги исполнија клучните обврски од договорот, бенчмарковите. Апелирајќи до Грција да седне со владата во Скопје и да се обидат да изнајдат решение, тој потенцира дека мирот, стабилноста и социјалната кохезија се во прашање.

„Секогаш кога одам во Скопје јасно порачувам: Вие сте одговорни да изнајдете решение со Грција. Мора да сториме се‘ што можеме за да помогнеме во изнаоѓањето решение“, рече Талер.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Жана Ацеска