1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жестока ерупција на вулканот Фуего

ЕМФ
4 јуни 2018

Ерупцијата на вулканот кој се наоѓа на околу 70 километри од главниот град Гватемала, е особено жестока. Според досегашните податоци, животот го загубија најмалку 25 луѓе.

https://p.dw.com/p/2yt5O
Guatemala Vulkanausbruch Feuervulkan
Фотографија: Imago/Agencia EFE/E. Biba

„Огнениот вулкан“ (Volcán de Fuego) еруптираше по третпат во последните две години. Оваа ерупција е особено жестока. Загинаа најмалку 25 лица, меѓу кои и вработен во службата за заштита од катастрофи. Според досегашните податоци, повредени се околу 300 лица, од кои дваесетина се пренесени во болница поради изгореници.

Од ерупцијата на вулканот се погодени околу 1,7 милиони луѓе, соопшти владата на Гватемала. Сосема е уништено селото Ел Родео, каде луѓето гореле во нивните куќи.

Лавата го има покриено сосема подрачјето околу „Огнениот вулкан“, а се шири и огромен облак со чад и пепел. Поради чадот затворен е меѓународниот аеродром во Гватемала.

Регионот околу кратерот мораа да го напуштат над 3 илјади жители. За нив се ставени на располагање сместувалишта за итни случаи и храна.

„Огнениот вулкан“ е висок 3763 метри и е еден од најактивните во централна Америка.