1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Загинати на предизборен собир во Турција

СН/ агенции
15 јуни 2018

Пукале приврзеници на АКП - или било пукано врз нив? Вооружениот инцидент отвори многу прашања. Утврдено е само дека неколку лица не ги преживеаја пукотниците.

https://p.dw.com/p/2zcG5
Türkei Wahlkampf AKP
Фотографија: Getty Images/AFP/Y. Akgul

Три лица се убиени во престрелка на југот на Турција за време на посетата на пратеникот Халил Јилдиз од владејачката партија АКП, која води кампања за изборите на 24 јуни

Престрелката во која 8 лица се повредени се случи за време на кавга, во која беше вмешана придружбата на пратеникот Халил Јилдиз, од партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, додека тој беше во посета на градот Суруч, во близината на сириската граница. Но, различно се известува како избувнал инцидентот.

Повеќе:

-Контроверзно предизборно шоу на Ердоган во Босна

-Турција добива последна шанса за демократија

-Ердоган: Силни зборови- слаба валута


Државната новинска агенција Анадолија јави дека Јилдиз и неговите приврзеници биле нападнати од противниците вооружени со мотики и ножеви. Агенцијата наведува оти прокурдската партија ХДП е вмешана во нападот.

Меѓутоа, прокурдските медиуми нападот им го припишаа на телохранителите на пратеникот, наведувајќи дека тие отвориле оган на еден градски пазар, кога пратеникот наишол на непријателски прием од продавачите.

Канцеларијата на гувернерот на провиницијата Салиурфа, каде што се наоѓа градот Суруч, соопшти оти тепачката избила меѓу две групи за време на посетата на пратеникот и дека 3 лица се убиени, а 9 повредени.

Во Суруч, во јули 2015 година, во напад од страна на Исламска држава загинаа 34 лица. По овој напад претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган започна борба против трероизмот, којa е насоченa истовремено и кон Работничката партија на Курдистан (ПКК) и кон Исламска држава.