1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Hamburg Moschee Schliessung

9 август 2010

Властите во Хамбруг денеска (09.08) ја затворија џамијата Таиба која стана позната по тоа што во неa се собирале дел од атентаторите од 11 септември. Освен тоа, забрането е дејствувањето и на здружението основач „Таиба“.

https://p.dw.com/p/OfWo
Вратата на џамијата е запечатенаФотографија: AP

На сеништата зад ѕидовите на џамијата им е ставен крај - вака сенаторот за внатрешни работи на градот-покраина Хамбург Кристоф Алхаус ги коментираше настаните околу џамијата Таиба, која до пред неколку години се викаше Ал Кудс. „Во Хамбург не можеме да дозволиме место за контакт за круг на лица кои се залагаат за исламистички поредок, кого би го спровеле и со насилство ако е тоа потребно. Организации кои се насочени на агресивно-борбен начин кон уставниот поредок и кон начелото на разбирање меѓу народите, не можеме да дозволиме овде, во Хамбург“, изјави Алхаус.

Џамијата била центар за радикализација

Денеска, разно изутрината, во 6 часот, властите ја затворија џамијата, полицијата направи претрес на становите на водечки членови и го заплени имотот на здружението „Таиба“.

Behörden schließen Hamburger Moschee
Акцијата почна рано изутринаФотографија: picture alliance/dpa

Џамијата стана позната по тоа што во нејзе се среќавале атентаторите од нападите извршени на 11 септември 2001 година, врз Светскиот трговски центар. Манфред Морг од Службата за заштита на уставот изјави: „Џамијата во годините по нападите беше место на симболика за џихадистите од цела Германија и надвор од нејзините граници. Истовремено, џамијата служеше како центар за радикализација.“

Зошто џамијата е затворена дури сега?

Во џамијата се развила опасна групна динамика, вели Морг. Една група, минатата година, заминала на пакистанско-авганистанската граница, на обука.

Џамијата Таиба веќе неколку години е во визирот на тајните служби. Тоа што дури сега е затворена, е со причина, изјави Лотар Бергман од Централната служба за координација на анти-терористичките активности: „Треба да ги убедите судовите дека она што го планирате е во согласност со уставот, а за тоа е потребно време. За тоа се потребни месеци.“

Deutschland Christoph Ahlhaus Hamburg schließt Moschee der New York Attentäter
не можеме да дозволиме место за контакт на лица кои се за исламистички поредок, вели сенаторот Кристоф АлхаусФотографија: AP

Џамијата веќе реагираше на забраната. Таму се вели дека ионака постоела намера за напуштање на зградата поради тоа што договорот за изнајмување истекол уште во март. Освен тоа, како што се наведува, здружението банкротирало. Тоа, според Морг, не е ништо ново: „Со оглед на нашето искуство со џамијата, на ваквите најави не треба многу да им се верува.“

Протести против затворањето на џамијата и забраната за здружението, засега нема. Морг најави дека радикалите во градот, кои како што се проценува се околу 44, и натаму ќе бидат под присмотра. Знаци за можни планирани напади, досега нема, нагласи Морг.

Автор: Астрид Корал / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска