1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто ОПЕК ја подзатвори славината

Андреа Мајер Фајст12 септември 2008

Цената на нафтата во изминативе денови значително опадна. Тоа е добра вест за потрошувачите ама лоша за производителите на нафта. Тие стравуваат дека цената може уште да паѓа. Затоа ОПЕК реши да го намали производството.

https://p.dw.com/p/FG0z
Централата на ОПЕК во ВиенаФотографија: AP

Цената на нафтата во последно време оди во надолна линија, а организацијата на земјите производители на нафта, ОПЕК се нервозни и неединствени околу идниот курс. Дали славината со нафта да се затвори и на светските пазари да се понуди само онолку количество колку што е потребно, со што ќе се оджи стабилна добивка, или за сега да не се презема ништо од обзир кон потрошувачите во индустриските земји коишто се уште се под шок од превисоката цена во изминатите месеци? Последниот состанок во Виена беше неколкучасовна борба до доцна во ноќта меѓу малите и големите нафтени картели.

Одлуката на ОПЕК - природна реакција

Иранскиот министер за нафта Гхоломхосеин Нозари беше претставникот на оние земји коишто имаат страв од пад на цената, што за нив би значело и намалени државни приходи.

„Сите бројки покажуваат дека пазарот е добро снабден со нафта, а цената покажува дека понудата е поголема од побарувачката.“

OPEC Irans Öl Minister Gholamhossein Nozari bei seiner Ankunft in Wien
Иранскиот министер за нафта НозариФотографија: AP

Од друга страна, Саудиска Арабија е најважната земја производител на нафта. Таа сака да се остане на старата пракса - да се вади нафта како и до сега и да не се притиска на кочница, дури и ако цената на светскиот пазар и понатаму опаѓа. Но, очигледно нивната заложба не пројде. Производството на нафта сега ќе се намали. За претседателот на ОПЕК Чакиб Чели кој исто така е и министер за нафта на Алжир, ова е природна реакција на ослабената светска коњуктура.

„Најважниот фактор е светското стопанство, на кое во моментов не му оди најдобро. Затоа е и намалена побарувачката за нафта. Тоа го видовме во САД и во делови на Европа. Не треба да се потцени ниту пазарот во Азија. Истовремено, земјите коишто не се членки на ОПЕК бараат повеќе нафта. Затоа очекуваме кон крајот на годината да има преголема понуда, којашто уште повеќе ќе се зголеми во следната година. ОПЕК мора да се занимава со овој проблем и да реагира соодветно.“

Цената ќе продолжи да пада

Во ОПЕК проценуваат дека и покрај намаленото производство цената на нафтата ќе продолжи да паѓа, поради што потрошувачите не мора да се грижат. Саудиска Арабија ќе произведува малку повеќе нафта од договореното. Факт е дека по одлуката во Виена, цената на нафтата благо порасна. Задоволни се оние земји коишто во изминативе месеци и години значително ги зголемија државните приходи поради зголемените цени, но кои би се соочиле со буџетски дефицит доколку цената по големиот скок годинава повторно падне. Во последниве шест години цената на нафтата се зголеми за пет пати, за што многу придонесоа и беразнските шпекулации на светскиот пазар. Но, намалувањето е видливо веќе неколку недели.

Saudi-Arabien und Öl
Саудиска Арабија е еден од најголемите производители на нафтаФотографија: AP

Најзагрижени се Венецуела и Иран

Најмногу загрижени за падот на цената на нафтата се Венецуела и Иран. Иранскиот министер за нафта, Нозари смета дека сегашниот развој на цената е на вистинскиот пат и ќе осигура поголема стабилност.

„Веруваме дека е важно да се има стабилен пазар. Како за производителите на нафта така и за инвеститорите. Цената на нафтата паѓа. Пазарот е пренатрупан. Тоа мора да се запре.“

Аналитичарите пак се неединствени, како последната одлука на земјите членки на ОПЕК долгорочно ќе влијае врз светското стопанство. Досегашната недисциплинираност на нафтените картели зборува за понатамошен пад на цената, иако земјите производители на нафта сакаат да воведат поголема контрола на ценовната дисицплина, а сакаат во ценовната политика да ги вмешаат и земјите кои не се членки на ОПЕК. Русија, на пример, најави дека сака да ја продлабочи соработката со Организацијата.