1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И шамијата е мода!

12 март 2008

Шамијата во меѓувреме стана и мода, па една турска текстилна фирма годишно само од овој производ прави промет од 250 милиони евра. Сега тоа го открија и модните дизајнери во Европа.

https://p.dw.com/p/DKfH
Шамијата може да биде убав моден детал, а не само причина за несогласувања и дебатиФотографија: dpa

Зимска распордажба. Стоковните куќи ги привлекуваат муштериите со голем намаленија. Жените посебно. Меѓу нив и 21-годишната студентка од Тунис со шамија, која би сакала да најде нешто квалитетно за пониска цена и се втурка во врвулицата во центарот на Бон. Облеката за неа е особено важна:

„Главно е боите да се во тон. Мојата облека мора да биде широка и убаво да изгледа. Тоа што носам шамија во никој случај не значи дека не сум модерна„.

Носи светло сина памучна шамија, зацврстена со брош од бисери. Бојата на чевлите е во тон со бојата на мантилот. Преку сините џинс пантолани носи светло-сина туника. Во истата боја е и нејзината чанта.

Младата Тунижанка јасно се одвојува од традиционалната претстава за мигрантките од нејзината генерација. Тие најчесто носат долги мантили во темни бои. Меѓутоа, не е секогаш лесно да се најде облека што истовремено ќе ги исполни муслиманските правила. Пред пет години тоа го увиде и младата претприемачка од Касел, Наила Ад Ал Гафар која и самата носи шамија. Основаше онлајн-шоп каде што презентира сопствено произведени модели и мода:

„Радо посматрам што носат луѓето и како можам тоа да го прилагодам на исламот. Што е модерно во моментов, а сепак да ја покрие дамата и да биде во истовреме модерна, повеќе од порано„.

30-годишната германска Мароканка има широка палета понуди: свадбена, секојдневна и облека за навечер во сите бои и материјали. Обучената кројачка точно знае како западната мода да се прилагоди за муслиманските жени:

„Во исламот жената мора да биде покриена до конкретна точка. Кога модерната облека ги минува тие граници, на пример затоа што е прекуса или нешто слично што открива повеќе, сепак муслиманската жена може да ги ублажи тие граници ако, на пример, носи нешто под тоа. Или ако ја комбинира облеката, а сепак да наликува покриено. Така модата може да се комбинира со Исламот, иако до одредени граници„.

Наила подвлекува дека муслиманските жени не сакаат едно: да бидат упадливи.

Меѓутоа, шамијата и модата во некои европски земји веќе се реалност: така муслиманските полицајки во Лондон можат да избираат меѓу 4 модели шамии во исто толку бои. Дури британската филијала на скандинавскиот производител на мебел Икеа, произведе сопствени шамии за своите соработнички.

Уште во 1999 година младата дизајнерка Синди ван дер Бремен специјално за муслиманските ученички во Холандија креираше спортска облека. Моделите шамии го носат името „Капстерс„ што едноствано се навлекуваат преку главата или се зацврстуваат со шнола.

Мода за муслиманските жени криера и младата дизајнерка Кетрин Вајланд од Берлин. 25-годишната Вајланд се обидува исламската облека да ја поврзе со современите модни трендови:

„Мислам дека е за поздравување ако во Европа се развие еден вид сопствен стил или насока. Дали ќе биде наречен евро-ислам или не сеедно, важно е да биде долгорочно„.

Далеку од политичките дебати и религиозните несогласувања, младата дизјанерка смета дека на жените треба да им се препушти изборот дали ќе носат шамија или не. Конечно, шамијата може да биде и убав моден детал.