1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како преживува вистината?

5 јуни 2008

Ситуацијата со слободата на печатот во Африка е еден од најгорливите проблеми во глобалниот медиумски свет. Во многу земји од континентот новинарите кои ја критикуваат власта,се соочуваат со притисок и смртни закани.

https://p.dw.com/p/EDP9
Новинарите во Африка често се на удар, учесници на Форумот за улогата на медиумите во конфликти во БонФотографија: DW

На големата меѓународна конференција на Дојче Веле посветена на улогата на медиумите во кризни ситуации и во превенција на конфликти , , се расправаше и за не-слободата на печатот во Африка. Притоа можеа да се чујат потресните лични приказни на некои од учесниците на Глобалниот медиумски форум.

Црна листа на новинари во Зимбабве

Кога пред девет месеци Итаи Мушекве дојде во Германија на семинар, не можеше ни да сонува , дека ќе остане тука. Младиот , критички новинар од Зимбабве случајно на интернет откри една листа на тајната служба на Зимбабве:

„ За жал јас бев еден од новинарите на оваа т.н црна листа. Значи во никој случај не можев да се вратам во Зимбабве . Знаеме . што може да ни се случи нам новинарите таму. И не можев да си играм со животот. “

Новинарите во Зимбабве , кои известуваат критички за режимот на Роберт Мугабе , мораат слично како и опозициските политичари , да сметаат на тоа дека ќе бидат апсени , малтретирани па дури и убиени. Итаи Мушекве поради тоа мораше да остане во Германија . Тој смета дека државните медиуми се соодговорни за диктатурата во Зимбабве:

„Тука ги обвинувам државните медиуми во Зимбабве , зашто тие ја знаат вистината, но го пишуваат она што ќе им го каже владата. Тие мораат да ја продаваат пропагандата на власта. Овие медиуми не се институции , кои го информираат населението . Тие се дел од од диктатурата во Зимбабве“

Новинарите во Сиера Леоне меѓу два фронта

И Клаудија Ентони од Сиера Леоне , мораше да ја напушти татковината , зашто како новинарка , стравуваше за својот живот:

„Објавив напис за тоа дека бунтовниците , веројатно во рок од 48 часа ќе го нападнат главниот град. Тогаш живеев во предградие во Фритаун и можев да забележам дека такво нешто се подготвува. Но кога напислот излезе , министерот за правда рече дека станува збор за предавство на државата а за тоа во Сиера Леоне се добива смртна казна“

Но Клаудија имаше право. Бунтовниците дојдоа и опустошија делови од главниот град. Новинарката избега од Фритаун и во 2000 дојде во Германија .

Секојдневни закани за новинарите кои ја критикуваат владата во Чад

И во Чад не може да станува збор за слобода на печатот, иако поради постоењето на многу различни медиуми може да се стекне таков впечаток:

„Слободата на печатот кај нас егзистира само на хартија. Доволно е само најмала критика за владата , и веднаш се затвораат радија и им се закануваат на новинарите, дека ќе бидат уапсени или убиени“- вели Делфине Џираибе , најпознатата заштитничка на човековите права во Чад . И таа мораше да избега од татковината, зашто секојдневно добиваше закани од владејачката структура предводена од претседателот Идриз Деби.

Делфине Џираибе од Чад Клаудија Ентони од Сиера Леоне , Итаи Мушекве од Зимбабве и многу други учесници на Глобал Медиа форумот во Бон се надеваат дека еден ден , една храбра ангажирана и образована генерација на новинари ќе го промени медиумскиот пејсаж во нивните земји