Без оглед на стивнувањето на ветровите, пожарникарите не успеваат да ги стават под контрола најголемите шумски пожари во јужна Калифорнија. Пожарот наречен Томас, северно од Лос Анџелес, се прошири на уште 200 квадратни километри. Загрозени се во меѓувреме и универзитетскиот град Санта Барбара, северно од Лос Анџелес, евакуирани се 200.000 луѓе.