1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Крај на драмата со уценувачот со затруена храна?

СН/ агенции
30 септември 2017

Германската полиција уапсила лице за кое се сомнева дека ја упатило заканата дека ќе затруе храна во супермаркетите, ако не му се исплати голема сума пари.

https://p.dw.com/p/2l1BA
Supermarkt Lebensmitteleinkauf
Фотографија: picture-alliance/ZB/J. Büttner

Полицијата и обвинителството во покраината Баден-Виртемберг соопштија дека против 55-годишен маж е покренато обвинение за обид за изнуда. Полицијата го уапсила лицето во близина на градот Тибинген, по укажувањата кои ги добила од локалното население.

Осомничениот на средината на месецов испратил имејл до претставници на властите и на компании во кој се заканил дека ќе ја затруе храната на полиците на продавниците во Германија и пошироко, ако не му бидат исплатени 10 милиони евра.

Тој предупредил дека веќе затрул пет теглички со храна за деца во јужниот дел на Германија. Полицијата потоа ги пронајде тегличките во градот Фридрихсхафен на Боденското езеро и утврди дека во нив се наоѓа етилен гликол, органско соединение кое често се наоѓа во антифриз. Нема индиции дека некој е затруен од таа храна.

Fahndungsfoto - Lebensmittelerpresser
Фотографија: picture-alliance/dpa/Polizeipräsidium Konstanz

И покрај апсењето полицијата меѓутоа сѐ уште не го укинува предупредувањето за германските потрошувачи. Со оглед на можноста за натамошни затруени производи, полцијата повика на претпазливост: „Потрошувачите би требало како и досега да бидат внимателни при купувањето во супермаркетите“, изјави портпаролот на полицијата Маркус Заутер.