1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крај на една ера

Мајкл Браун24 септември 2008

Од петте американски големи инвестициски банки три се преземени или банкротираа: Беар Стирнс, Мерил Линч и Леман Брадерс. Последните две пак сега го сменија статусот: Голдман Сакс и Морган Стеинли станаа обични банки.

https://p.dw.com/p/FNMA
Драстична промена на американскиот банкарски системФотографија: AP

Со тоа двете кредитни куќи се ставаат под построга контрола на националните банкарски правила. Тие делумно ќе треба да се откажат од својот најпрофитабилен бизнис: краткорочно позајмување на релативно евтини пари и инвестирање во висококаматни, но ризични продукти.

Излегување на берзите, фузии, позајмици и кредитни писма, управа со капиталот со силно користење на шпекулативни методи, ова беа работите со кои се занимаваа инвестициските банки и тоа речиси икслучиво.

Тоа беше деловен модел кој се разликува од обичните банкарски универзални модели, како оние во Германија.

New York Handel NYME
Многу главоболки по финансиската кризаФотографија: AP

Што значи универзално банкарство

Клаус Шрифер, економист во шведската СЕБ банка за тоа што значи универзално во германскиот банкарски систем:

„Универзални банки значи дека тие имаат комплетна палета понуди од банкарската област, штедни влогови, давање кредити, платен промет. Главната разлика мнеѓу универзалните банки и инвестициските е тоа што вторите се занимаваат исклучиво со големи теми, како зделки на пазарот на капитал, преземање софинансирање, и слични работи.“

Американскиот - посебен банкарски систем

Универзални банки имаше и во Америка. Како последица на економската криза на крајот на 1920-те години, Американците меѓутоа решија да го поделат бизнисот тесно сврзан со пазарот на капитал од остатокот на банкарските услуги. Тој модел е наречен Глас - Стигл, според имињата на двајца сенатори. Намерата беша, да не се дозволи ризиците од ивестициското банкарство да преминат врз останатите банкарски работи. Ризиците се пред се‘ во променливите приходи. Високи добивки во добри години, високи загуби во лоши времиња, како актуелниве. Така банките кои досега имаа висок процент добивки во инвестициското банкарство, сега бараат приближување кон банките кои имаат многу ситни штедачи, чии заштеди добиваат ниски камати.

Deutschland Banken Deutsche Bank und Postbank Logo
Две големи германски банки заедно: Дојчебанк и ПостбанкФотографија: AP

Тоа беше мотив зошто на пример Дојче банк се интересираше за Постбанк. Првиот човек на Дојче банк, Јозеф Акерман пред десет дена вака ги опиша предностите на делумното преземање:

„Двете банки располагаат со одлични комплементарни продукти. Дојче банк е особено силна во инвестициската област, додека пак Постбанк има предности во прва линија во штедните влогови и кредитирањето на купување и градење станови.“

Нов статус за американските инвестициски банки

Подобар пристап кон средствата од Централната банка и полесно преземање на банките со повисок удел на приватни муштерии и повисоки заштеди, кон тоа стремат Морган Стеинли и Голдман Сакс со својот нов статус. И за германскиот банкарски надзор зделките на инвестициските банки беа трн в око. Јохен Санио, претседател на надзорниот банкарски одбор Бафин, во мај оваа година:

„Во трговијата со кредити, банката што дава кредити на крајниот корисник, често се наоѓа во позиција да не се грижи за почитување на темелниот принцип на ограничување на ризиците. Оние кои се во состојба да ги ограничат ризиците, пред се‘ банките кои доделуваат субвенционирани кредити, во принцип немаат голем интерес да ги минимизираат ризиците со одговорно однесување при доделувањето кредити.“

Merrill Lynch Logo Tokyo 1995
Мерил Линч банкатаФотографија: AP

Од некогаш познатите инвестициски банки значи сега не остана ниедна. Американскиот законодавец тоа можеше да го предвиди. Уште во 1999 година беше повлечен документот Гас Стигл, со тоа во Америка беше овозможено враќањето кон универзалниот банкарски систем според европски модел.