1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Никој не се откажува

7 ноември 2010

Ниту противниците на атомската енергија се откажуваат од протестите, ниту возот со радиоактивен материјал го запре патот до Горлебен. Протестите против атомската енергија се едни од најмасовните во последните години.

https://p.dw.com/p/Q0p9
Се движи, застануваФотографија: picture-alliance/dpa

Придружуван од силни протести и насилни судири транспортот на атомскиот отпад полека се движи кон својата цел, складиштето во Горлебен. Патот на возот постојано е попречуван од блокади на шините, на кои седат демонстаранти, додека во Вендланд судирите со полицијата заземаат се` поголеми размери, полицијата употреби водени топови против демонстрантите. Противниците на атомската енергија денеска се обидоа и да запалат оклопно возило на полицијата, меѓутоа огнот бил брзо изгасен. Засега полицијата не може да даде информации околу бројот на повредените.

Жешката фаза од транспортот започна утрово, кога илјадници противници на атомската енергија ги запоседнаа шините во близина на Хицакер, по што полицијата употреби гумени палки и солзавец. Чуварите на редот биле нападнати од масата демонстранти, изјави портпарол на полицијата Александер Гајер: „Околку три до четири илјади активисти ги нападнаа полициските сили, по што тие мораа да возвратат на ваквата ситуација и употребија гумени палки и спреј солзавец.“

Flash-Galerie Castor Transport Deutschland Gorleben
Транспорт на нуклеарен отпад во ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa

Северно од Целе, демонстрантите исто така ги блокираа шините. Тоа предизвика пречки во железничкиот сообраќај, поточно доцнење на редовниот железнички сообраќај на делницата Хамбург - Хановер.

„Гринпис“ укажа на евентуален дефект на возот

Инаку, откако возот што го превезува високо радиоактивниот отпад влезе во Германија, вчера околу пладне, шините беа блокирани на повеќе места. Во текот на ноќта беше извршен и технички преглед на возот откако „Гринпис“ укажа на евентуален дефект на возот, кој го превезува радиоактивниот материјал.

Возот превезува единаесет контејнери со атомски отпад од француската фабрика за рециклирање во Ла Хаг кон Горлебен. Вкупно 154 тони радиоактивен отпад потекнуваат од германските атомски централи.  

Автор: АТ/ ТТ/ афп/ дапд/ дпа/ дв

Редактор: Трајче Тосев