1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папандреу се реши на референдум

1 ноември 2011

Акт на демократија-така гласи изненадувањето кое грчкиот премиер Јоргос Ппандреу им го приреди на ЕУ-партнерите. Тој најави референдум за спасувачките планови од ЕУ-кризниот самит во Брисел пред една недела.

https://p.dw.com/p/132fb
Грчкиот премиер Јоргос ПапандреуФотографија: dapd

На седница на пратеничката група на Социјалистите во Атина, Папандреу најави дека сака да го консултира народот за новите ветувања за финансиска помош од меѓународните донатори. Освен тоа, грчкиот премиер планира поставување прашање за доверба за неговата влада во Парламентот.

„Веруваме во граѓаните, во нивната моќ на просудување“, истакна Папандреу.

Низа прашалници по овој чекор на Папандреу- не е јасно кога ќе биде референдумот, како ќе гласи прашањето, и најважното-што ако народот рече-„не“? Некои аналитичари сметаат дека во таков случај Грција може или ќе мора да ја напушти еврозоната.

Antonis Samaras
Лидерот на опозициската Нова Демократија, Андонис СамарасФотографија: DW

Внатрешната политика клучна за одлуката

Постапката на Папандреу е од внатрешнополитички причини. Владата на ПАСОК со месеци поради кризата е изложена на бесот на граѓаните, протестите се постојани. Опозиционата Нова Демократија на Андонис Самарас одбива секаква соработка во санирањето на државниот буџет.

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос токму овој момент го истакнува како клучен за донесување на одлуката за референдум.

Пред европскиот кризен самит минатата среда повторно се множеа шпекулации за нови избори во Грција. Но, моментно веројатно ниедна од двете големи партии не располага со доволно мнозинство за формирање стабилна коалиција.

Шефовите на држави и влади од еврозоната меѓу другото во Брисел договорија нов пакет финансиска помош од 100 милијарди евра, приватните доверители како банките и осигурувањата се согласија на отпис на половина од побарувањата.

Griechenland / Thessaloniki / Ausschreitungen
Присокот на граѓаните врз владејачката ПАСОК е огроменФотографија: dapd

Берлин не коментира

Многумина во Грција сега стравуваат од претстојни години на ограничувања и строга контрола од страна на меѓународните доверители. Според планот од Брисел, грчкиот долг до 2020 година треба да се намали на подносливите 120 проценти од бруто домашниот производ.

Во Берлин очигледно се изненадени од грчките најави за референдум. Министерството за финансии соопшти дека се работи за внатрешнополитички прашања, за кои германската влада досега нема информации и затоа не може да ги коментира.

Автор: ЖА/СН/дв/дпа/ртре/дапд

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема