1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повик за итен прекин на огнот во Кавказот

11 август 2008

Државниот секретар во германското министерство за надворешни работи, Гернот Ерлер денеска изјави дека натамошните воени напади во Кавказ немаат никаква легитимација. Двете страни треба да почнат преговори

https://p.dw.com/p/EueQ
Гернот Ерлер: важно е да започнат преговориФотографија: PA/dpa

Германската влада повторно ги повика Русија и Грузија на итен прекин на огнот и на меѓусебни разговори. Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Гернот Ерлер денеска за германската телевизија ЦДФ изјави дека натамошните воени напади немаат никаква легитимација. Истовремено, тој смета дека е целосно оправдано одржувањето на планираната средба меѓу германската канцеларка Ангела и рускиот претседател Димитри Медведев в петок во Сочи.

Напори за почеток на преговори

Гернот Ерлер е загрижен дали ситуацијата во Кавказот сега може да се стави под контрола:

„Во моментов многу тешко. Нашите напори се конценттрирани страните во конфликтот да ги натераме да седнат на преговарачка маса. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер целиот ден вчера телефонираше со колегите, меѓу нив и со рускиот, за да дојде до преговори, вчера дошло до одредени контакти. Се чини дека е постигнат мал чекор нанапред,“ вели Ерлер.

Нападите немаат легитимација

Но, дали е реално на Русите да им се каже да се вратат на својата територија:

„Сега ќе стане јасно дека постои јасна воена надмоќ на руските сили, не само теоретски, туку и фактички. Грузиските трупи се повлекуваат. Затоа е време да се каже, натамошни воени напади немаат никаква легитимација. Затоа уште еднаш бараме од руската страна да прекине со нападите и да премине кон преговори, прифаќајќи ги и посредничките напори на ЕУ,“истакнува Ерлер.

Грузиските аспирации за членство во НАТО се трн во окото на Русија. Колкава е перспективата на Грузија во овој момент, Ерлер укажува:

„За тоа беше веќе решено на самитот на НАТО во Букурешт. Уште тогаш беше речено дека Грузија не ги исполнува сите предуслови за да ги направи следните чекори кон интеграција во Алијансата. Министрите за надворешни работи се договорија во декември повторно да ја преиспитаат ситуацијата, а за тоа секако ќе игра улога и она што се случува сега,“ вели германскиот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Гернот Ерлер.




►◄