1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потребен е единствен одговор на кризата

7 октомври 2008

Водечките европски политичари имаат намера со заедничка изјава да ги смират финансиските пазари-најави италијанската влада.Заеднички европски одговор на кризата меѓутоа не беше договорен на кризниот Самит во Париз

https://p.dw.com/p/FVPC
На Самитот во Париз не беше демонстрирано заедништвоФотографија: AP

Поголема европска соработка , за да се стабилизираат финансиските пазари. Тоа беше главната порака која францускиот претседател Никола Саркози, во својство на претседавач со ЕУ, сакаше да ја пренесе од кризниот Самит што се одржа во Париз за време на викендот. Германската канцеларка Ангела Меркел во Париз пак жестоко ја критикуваше ирската влада,зашто таа сама, на своја рака ги гарантираше штедните влогови во ирските банки- но само неколку часови подоцна и самата објави гаранција за штедните влогови во Германија. Первенш Бере, претседател на Комисијата за економска и монетрана политика на Европарламентот, заради тоа со цинични зборови се осврнува на резултатите од Самитот во Париз:

„ Вредноста на европската соработка не беше демонстрирана. Се доби впечаток дека секој се грижи сам за себе. Но барем разговараа меѓусебе“.

Нема едноставни решенија за проблемот

Секоја држава во оваа криза би можела самата да биде наредната жртва. А Европската комисија ја става главата во песок и се однесува како да се што се случува и не е толку лошо. Токму со ваквата забелешка еден новинар го конфронтираше Јоханес Лаитенберг, портпаролот на Европската Комисија. Лаитенберг кој инаку е многу смирен човек, изнервирано истакна дека никој не тврди дека се е нормално, но дека нема едноставни решенија за справување со проблемот:

„Тука е потребна напорна, одговорна и темелна работа , и токму во моментов се прави тоа“

Меѓутоа прашање не е само, колку добро се одвива европската соработка во моментов, туку и како поединечни земји се однесуваат кон европското право за слободна пазарна конкуренција. Загрозен ли е слободниот пазарен натпревар, кога една влада гарантира за штедните влогови на нејзината територија , а другите влади не го прават тоа?

Потребно е решение што ќе важи за целата ЕУ

Во основа важи правилото дека постојат минимални гаранции кои важат за целата ЕУ, кои меѓутоа поединечни земји можат да ги зголемат. Поради тоа портпаролот на Комисијата во основа не гледа ни проблеми, кога станува збор за мерките на германската влада. Сосема поинаку меѓутоа Еврокомесарот за слободна пазарна конкуренција Нели Кроес гледа на ситуацијата во Ирска:

„Одлуката, целосно а истотака и во иднина да се гарантира за заштедите во шест ирски банки, ги прават овие банки , така да се каже , сигурни пристаништа за штедачите и навистина во овие банки дојде до наплив на капитал. Мерката онака како што беше првобитно најавена , го отвора и проблемот на дискриминација“.

Кроес затоа врши притисок врз Ирска да ја промени својата политика. Таа не крие дека е убедена, оти најдобро би било да се постигне решение кое ќе важи за целата ЕУ.Во моментов меѓутоа такво нешто не е на повидок.