1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предвремени избори во Јапонија

ЖА
25 септември 2017

Јапонскиот премиер сака да го искористи поволниот момент за нови избори: опозиционата Демократска партија е слаба, а кризата со Северна Кореја му нуди можност да се претстави како силна водечка фигура.

https://p.dw.com/p/2kf1G
Japan Shinzo Abe kündigt Neuwahlen PK in Tokio
Фотографија: Reuters/T. Hanai

Шефот на десноконзервативната јапонска влада, Шинзо Абе, најави распуштање на Долниот дом и со тоа отворање на патот за одржување на предвремени парламентарни избори во земјата. Јапонците ќе треба да гласаат веројатно на 22. октомври. 62-годишниот премиер сака да го искористи поволниот момент создаден од растечката севернокорејска криза, што во анкетите на јавното мислење му донесе повторен раст на неговиот рејтинг, откако долг период бележеше стрмоглав пад под впечатокот на разните скандали.

Тензиите околу Северна Кореја на Абе му дадоа можност да се презентира пред јапонскиот народ во светлината на силна водечка фигура. Додека рејтингот на неговата Либерално-демократска партија расте, опозиционата Демократска партија губи доверба кај граѓаните. Абе може да придобие дополнителен број приврзеници и со новопредложената владина конјунктурна програма, тешка повеќе милијарди, со која ќе ја заживее домашната еономија.

Според анкета на економскиот магазин „Никеи“, објавена на викендот, 44 проценти од избирачите би гласале за партијата на Абе, а само осум проценти за ДП, а секој петти гласач бил неопределен. На почетокот на јули, ЛДП доживеа дебакл на регионалните избори во Токио. Абе, кој на функцијата е од 2012. година, е на мета на критика првенствено поради обвинувања за непотизам, иако тој ги отфрла како неосновани.