1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пример и за отворените прашања на Балканот

21 јануари 2011

22 јануари е датум што Германија и Франција го одбележуваат како историски, ден кога овие две држави се помируваат меѓу себе и ги удираат темелите на пријателството и сојузништвото. Што може Балканот да научи од тоа?

https://p.dw.com/p/100Wn
Претседателот на Франција, Шарл де Гол и германскиот канцелар Конрад Аденауер на историскиот ден во 1963 годинаФотографија: picture-alliance/dpa

Елисејскиот договор е база на германско француското- пријателство, столб на европската интеграција, пример за решавање на зовриените балкански прашања, велат во одвоените разговори за Дојче Веле амбасадорите на Германија и на Франција во Македонија Улрике Кноц и Жан Клод Шлумберже. 22 јануари 1963 година е историски датум кога закрвените непријали ги закопуваат воените секири и почнуваат пријателство кое трае до денес.

Граѓаните на Македонија може да се гордеат на Рамковниот договор

Die deutsche Botschafterin Ulrike Knotz in Skopje
Германскта амбасадорка во Скопје , Улрике КноцФотографија: Deutsche Botschaft Skopje

Германско-француското пријателство се разви под мошне специфични околности врз урнатините на во војната уништената Европа и поради тоа не е модел што може туку така да се превземе, вели амбасадорката Кноц, но убедена е дека пријателството меѓу Франција и Германија може да биде инспирација за балканските земји.

„Од граѓанските војни во поранешна Југославија не поминаа ни 20 години, а денес постои разновиден спектар на кооперација на сите нивоа. Се случуваат впечатливи гести на помирување, како на пример, посетата на српскиот Претседател Борис Тадиќ во Србреница во минатата година и заедничката посета на Претседателите на Србија и Хрватска во Вуковар. Годинава, во Македонија ќе го славиме 10-от јубилеј на Охридскиот рамковен договор. Договорот му стави крај на крвав конфликт, а во голема мера тоа беше заслуга на македонскиот Претседател Борис Трајковски. Во регионот, Македонија го практикува единствениот модел од таков вид за соживот во мултиетничка држава; граѓаните на Македонија може да се гордеат со тоа“, вели германската амбасадорка.

Наместо предрасуди, искрено пријателство

Прашан дали побрзо Белград и Приштина ќе го следат германско францускиот пример отколку што тоа ќе го сторат Скопје и Атина, нејзиниот француски колега Шлумберже вели:

„Српско косовските и грчко македонските односи се од различна природа но и во двата случаја треба да се надеваме дека француско германскиот пример може да биде корисен“

За историски договори неопходна е подготвеноста на компромис, простување, тоа се одлики на големи државници и визионери. На Балканот му требаат политичари кои историјата ќе ги вреднува како Де Гол, Аденауер, Шуман.

Karte Deutschland Frankreich
Фотографија: DW

“Она што го прави Договорот единствен е дека тој ја регулира не само соработката меѓу политичарите, туку дека гради и мостови меѓу народите. Веќе непосредно по завршувањето на војната, уште во француската окупаторска зона, се почнало со организирани средби меѓу луѓето.

Станувало збор за иницијативи на локално ниво, градоначалниците играле голема улога; се развивале илјадници партнерства меѓу градовите. Дозволете ми да додадам едно лично искуство: мојата лична симпатија за Франција и за францускиот јазик и должам на училишната размена меѓу мојот роден град Минхен и францускиот збратимен град Бордо“, вели германската дипломатка а нејзиониот француски колега дава оценка на односите помеѓу двата народа денес.
„Порано имаше многу предрасуди и стереотипи меѓу Германците и нас Французите. Можам да зборувам за тоа затоа што сум по потекло Алзас, регион поделен меѓу Франција и Германија, чија што судбина беше многу погодена, поврзан со трауми на кои што сите се сеќаваме. Но овие два народа денес многу подобро се прифаќаат и се разбираат меѓу себе отколку пред 60 години“

Денес, двете држави кои во историјатаа воделе безброј војни се искрени пријатели. Тоа подразбира конитуирано водење сметка за интересите на другиот, доверба, напори за заеднички решенија, компромиси. Впрочем како што вели амбасародката Кноц и ЕУ е модел на успех за мир и благосостојба. Нема друга алтернатива.

Автор: Горан Петревски

Редактор: Симе Недевски