1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Радев: Дојдете на двостран дијалог во Софија

ДТЗ
27 мај 2021

Бугарскиот претседател го отфрли предлогот за вклучување на меѓународни експерти во заедничката историска комисија.

https://p.dw.com/p/3u42D
Mazedonien, Skopje | Präsidenten Stevo Pendarovski (Mazedonien) und Rumen Radev (Bulgarien)
Фотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

„Вистинскиот чекор е еден – во Софија на двостран дијалог. Тогаш ќе се решат сите проблеми“, порача претседателот на Бугарија, Румен Радев во Рим, каде што престојува во заедничка посета со македонскиот претседател Стево на поклонение на гробот на Свети Кирил и чествување на словенските просветители Свети Кирил и Методиј. Тој го отфрли предлогот странски историчари да се вклучат во заедничката историски комисија.
Бугарски „Медиапул“ извести дека Радев пред новинарите во Рим отфрлил еден од предлозите на португалското претседателство со ЕУ за решавање на кризата меѓу Бугарија и Северна Македонија. Според него, не се потребни меѓународни експерти во заедничката историска комисија.

-повеќе на темата: Пендаровски од Рим порача дека е реалист и умерен оптимист за решавање на спорот со Бугарија

„Немаме потреба од никакви посредници. Никој не ја знае нашата историја подобро од нас. Тоа зависи од нас, од отворен конструктивен дијалог со Софија, заснован на историските документи,од оригиналните извори. Комисијата ќе работи за историјата. Најважно е ние на политичко ниво да ги направиме неопходните чекори. Тие чекори не минуваат низ другите европски метрополи, па од таму да се прави притисок на Бугарија. Тоа никако! Треба да бараме одржливо и  трајно решение“, порача бугарскиот претседател.

Позитивен исчекор

Македонскиот претседател Стево Пендаровски вчера рече дека е реалист и умерен оптимист во врска со обидите за пронаоѓање решение во Бугарија за одблокирање на почетокот на преговорите на С. Македонија со ЕУ.  Тој соопшти детали од португалскиот предлог за решавање на спорот со Бугарија - а еден од предлозите се однесува на тоа европски историчари да се вклучат во работата на Комисијата за историја. „Ние немаме ништо против трета страна, ЕУ или ЕК да каже дали договорот оди со добро темпо. Не ни пречи да дојде трет човек од страна и да каже: ова е вистината“, рече Пендаровски. 

Бугарските медиуми ја пренесуваат и изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев кој вели дека С. Македонија нема дилеми да ги испорача гаранциите. „Од нас може да се очекува само градење пријателство и соработка“, вели Заев по повод изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека Бугарија сака јасни гаранции за нејзината национална безбедност и нејзините национални интереси.
Во интервју за „Фокус“ тој смета дека претседателот Радев, може да направи позитивен исчекор, со што ќе даде шанса пријателството меѓу С. Македонија и Бугарија да се развива и да биде поголемо наместо да остави трага меѓу двата народа. Премиерот е задоволен од поднесените креативни форми на предлози кои министерот за надворешни на Португалија, Аугусто Силва и еврокомесарот Оливер Вархеји неодамна ги презентираа во Скопје и во Софија и се надева дека Европската Унија ќе го испорача она што го очекува земјата. 

Европска перспектива

Македонскиот и бугарскиот претседател, Стево Пендаровски и Румен Радев денеска во базиликата „Санта Марија Маџоре” во Рим заеднички ги чествуваа Св. Кирил и Методиј. „Македонија има европска перспектива, но на тоа треба да работат двете земји со уште поголема доверба и поинтензивен дијалог. Ние, двете држави, треба заедно да ги  решиме тие нешта, не Брисел, не Париз, не Берлин, туку ние заемно“, порача бугарскиот претседател Румен Радев.
Нагласувајќи дека со Пендаровски се на едно свето место, во базиликата ‘Санта Марија Маџоре’ каде што папата Адријан Втори ги освети книгите напишани од светите браќа Кирил и Методиј со словенското писмо, Радев рече дека оттука испраќаат јасна порака до граѓаните за соработка, доверба и за  пријателство. 
Пендаровски вели дека неговата посета во придружба на Радев е прва ваква заедничка посета на највисоко државно ниво и дека со тоа сакаат да покажат оти и на Балканот има политичари кои зборуваат на европски јазик за актуелните проблеми и за иднината. Според него, ова покажува една нова динамика во билатералните односи и таа треба да биде продолжена и натаму, со што се надева дека во следните месеци за двете земји стојат многу подобри денови.
„Напредок е возможен само ако во дијалогот влегуваат двајца рамноправни соговорници“, рече Пендаровски.