1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози: Европа е пред експлозија

8 декември 2011

Германскиот и францускиот лидер на самитот на европските конзервативни партии во Марсеј бараа поддршка за нивниот предлог за спас на еврото

https://p.dw.com/p/13Otb
Ангела Меркел и Никола СаркозиФотографија: dapd

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози на состанокот со шефовите на држави и влади кои се членови на Европската народна партија во Марсеј бараа поддршка за планот на членките на еврозоната да им се воведе значително построга буџетска контрола и автоматски санкции за кршење на буџетските правила.

Саркози предупредил дека европјаните имаат само неколку недели за да ги донесат неопходните одлуки за излез од кризата, додека Меркел оптимистички порача дека на самитот во Брисел, кој почнува вечерва, ќе бидат пронајдени „добри решенија за излез од кризата“.

„Европа никогаш не била толку неопходна, но и никогаш не била во толку голема опасност. Никогаш толку земји не сакале да и се приклучат на Европа, но и никогаш не бил толкав ризикот Европа да експлодира“, порача Саркози. Тој изрази надеж дека на самитот ќе биде постигнат договор за реформи, оценувајќи дека Европа ќе нема друга шанса.

„Ќе најдеме добри решенија. Уверена сума дека ќе најдеме решенија за сите проблеми. Зборовите не се доволни, ни требаат поблиски односи и промени во договорите“, рече Меркел, признавајќи дека преговорите ќе бидат тешки.

Автор: БГ/бета/афп

Редактор: Александра Трајковска