1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подемот на АфД вклучи аларм во Израел

Мириам Даган
30 септември 2017

Израелските медиуми и пратеници се загрижени за влегувањето на АфД во Бундестагот. Премиерот Бенјамин Нетанјаху предупреди од антисемитизам без притоа да воспостави директна релација со изборната победа на АФД.

https://p.dw.com/p/2ktOI
Bundestagswahl 2017 | AfD - Weidel & Gauland, Spitzenkandidaten
Фотографија: Reuters/W. Rattay

„Германија изгласа нацисти за парламентот"- гласи насловот на еден од најбитните информативни портали во земјата, Инет. Еден од двата големи бродкастери објави: „Земјотрес: која е Алтернативата за Германија? Екстремна и опасна."

Другиот пак известува дека „не е само партија која е против доселувањето, туку партија која сака да го измени ставот кон нацистичкото минато. Драматично е." Израелските медиуми се поларизирани меѓу левицата и десницата, но дури и на насловната на десничарскиот дневен весник Израел Хајом се вели „Драма во Германија - за прв пат по 1945-та екстремната десница влегува во парламентот."

Израелските медиуми во шок

Исто како и во Германија и израелските медиуми без разлика на политичката наклонетост реагираат шокирано. Тоа покажува колку сериозно се сфаќа таму подемот на АфДсо оглед на тоа дека во Израел се навикнати на фактот дека мали екстремни партии седат во парламентот.

Водителите на вестите повеќепати повторуваа дека кандидатот на АфД, Александер Гауланд ги фалел германските војници во Втората Светска Војна и тоа дека АфД е трета најсилна фракција во парламентот. Во вестите на долго и на широко се дебатираше своеволниот став на АфД кон историјата и релативизирањето на германската одговорност за Холокаустот.

На страна од насловните вести сепак се покажа дека десничарските медиуми успехот на АфД го толкуваат како гласање од протест и ја релативизираат опасноста што произлегува од тоа. Израел Хајом, весникот кој е про-Нетанјаху објави интервју со Александер Гауланд чиј наслов беше негова изјава „ Гласачите на АфД и Евреите во Германија имаат слични грижи."

Deutschland Israel Netanjahu bei Merkel
Фотографија: Getty Images/AFP/O. Andersen

Нетанјаху не ги споменува АфД

Со тоа очигледно се таргетираат читатели кои имаат симпатии за антидоселеничка политика. Конзервативните медиуми повлекоа паралели меѓу антисемитизмот на левите и десните во Европа. На денот по изборите премиерот Нетанјаху и честиташе на Ангела Меркел на Твитер без да ги спомене АфД: „Честито за Ангела Меркел, вистински пријател на Израел, за нејзиниот реизбор за канцелар" - што е грешка бидејќи Меркел дури по формирањето на коалицијата може да биде реизбрана од Бундестагот.

Тек во вторникот во телефонскиот разговор со Меркел, Нетанјаху го отвори прашањето за загриженоста на Израел за порастот на антисемитските струи во германската политика. Ја повика германската влада да преземе „историска одговорност" и да ги одврати обидите да се негира или релативизира Холокаустот. Тој нагласи и дека Израел е загрижен заради растечкиот антисемитизам, како од десницата, така и од левицата. Успехот на АфД меѓутоа него спомена директно.

Успехот на АФД "тишина што оглувува"

Многумина ја критикуваат израелската влада за тоа дека недоволно јасно го осудува десничарскиот антисемитизам. Во колумна за левичарскиот весник „Харец" поранешниот амбасадор во Германија Шимон Штајн и историчарот Моше Цимерман велат дека израелската реакција на шокантниот успех на АфД била "тишина што оглувува".

Можеби уште поважно е тоа што Колет Авитал, претседателката на Израелското здружение за преживеаните од Холокаустот смета дека во овој случај „израелските политичари не требало да се кријат зад куртоазни говори. Треба десноекстремистичките партии многу појако да ги осудат."

Очигледно има само еден член на владата кој се искажа во врска со АфД. Министерот за урбанизам Јоав Галант на Твитер пиша: „Со загриженост ја набљудувам очекуваната промена со влегувањето на екстремната десница во германскиот парламент - десен национализам во Германија е алармантен сигнал."

Авитал верува во неприкосновената поддршка на Германија за Израел, но како што вели за Дојче Веле "Ние сме многу загрижени за порастот на поддршката за деснорадикалната партија со националсоцијалистички тенденции во Германија. Шокира фактот дека таква партија се враќа во германската политика".

Таа потенцира дека една партија не може да биде истовремено анти-муслиманска и либерална затоа што тоа подразбира „нетолеранција, а тоа е нешто што никого не треба да радува."

Infografik BUWA 2017 Wahlergebnis EN Preliminary official results NEW!

Предупредување за Израел и за еврејскиот народ

Јасен став кој и на други места наоѓа ехо. Најмал Шаи, пратеник и претседател на германско-израелската парламентарна група изборниот резултат го смета како "вистинско предупредување за Израел и еврејскиот народ".

За Дојче Веле рече дека не е загрижен за ерата Меркел, „но, прашањето е што носи иднината? Голем дел од германскиот народ има антисемитски и расистички гледишта. Сега имаат и јавен простор и би можеле таквите тенденции да зајакнат".

И други влијателни политичари од опозицискиот лев центар во Израел се загрижени - на пример лидерот на партијата Јеш Атид, Јаир Лапид, чиј што татко е преживеан од Холокаустот. Поранешната министерка за надворешни работи Ципи Ливни, воедно една од најпознатите политичари во земјата, пиша на Твитер: „И честитам на Ангела Меркел, вистински пријател на Израел. Убедена сум дека ќе најде начин да се справува со загрижувачкиот пораст на антисемитската екстремна десница - исто како што покажа храброст да застане за вредностите што ги застапува."

Заклучок: и во Израел јасно е сфатена големата загриженост за изборниот успех на екстремната десница - и тоа токму во Германија.