1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фаворити за иден хрватски претседател

27 декември 2009

Денеска (27.12.2009) во Хрватска треба да биде избран нов претседател, кој ќе го наследи актуелниот шеф на државата Стипе Месиќ, чиј мандат истекува во февруари 2010 година.

https://p.dw.com/p/LEKx
Фотографија: AP

Главни фаворити на изборите се Иво Јосиповиќ од опозициска Социјалдемократска партија (СДП), независните кандидати Надан Видошевиќ и Милан Бандиќ, Андрија Хебранг од владејачката Хрватска демократска зедница (ХДЗ).

Иво Јосиповиќ, кој има 52 години, е кандидат на опозициската СДП. Се очекува на изборите тој да освои најмногу гласови, но веројатно недоволни за победа, па за местото шеф на државата ќе мора да се натпреварува во вториот круг на 10 јануари 2010 година.

Flash - Galerie Präsidentschaftskandidat Ivo Josipovic
Иво ЈосиповиќФотографија: DW

Тој е експерт по меѓународни кривично право и композитор на класична музика. Јосиповиќ е член на Хрватскиот сабор од 2003 година. Во текот на изборната кампања тој ветуваше надминување на „големите социјални неправди чии жртви се хрватските граѓани“.

Според аналитичарите, Јосиповиќ важи за кандидат со „чиста биографија“ и за голем поборник на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Неговите противници го обвинуваат дека не е доволно темпераментен и дека нема политичко искуство.

49 годишниот Надан Видошевиќ е поранешен член на владејчката ХДЗ, кој беше исклучен од партијата по поднесувањето на независната кандидатура на претседателските избори. Видошевиќ очекува да ги добие гласовите на либералните поддржувачи на ХДЗ, како и на приврзаниците на партиите од центарот. Видошевиќ важи за еден од најбогатите луѓе во Хрватска. Во текот на изборната кампања тој ветуваше дека „ќе се бори за Хрватска во која секој нејзин граѓанин ќе може да живее од својата работа“.

Flash - Galerie Präsidentschaftskandidat Nadan Vidosevic
Надан ВидошевиќФотографија: DW

54 годишниот Милан Бандиќ е поранешен член на СДП, кој како и Видошевиќ, беше исклучен од својата матична партија по поднесувањето на независната претседателска кандидатура. Бандиќ по потекло е од Херцеговина, па се очекува да привлече голем дел од гласовите на Хрватите во БиХ, кој традиционално гласаат за ХДЗ. Од 2000 година Бандиќ е градоначалник на Загреб, функција на која беше реизбиран уште двапати како кандидат на СДП. Во текот на предизборната кампања тој ветуваше дека „ќе работи како вол за Хрватска “.

Flash Galerie Präsidentschaftskandidat Milan Bandic
Милан БандиќФотографија: DW
Präsidentschaftskandidat Andrija Hebrang
Андрија ХебрангФотографија: Herbrang

Андрија Хебранг, кој има 63 години, е кандидат на владејачката ХДЗ, по професија е лекар и важи за човек близок до поранешниот хрватски преседател Фрањо Туѓман. Во два наврати, од 1990 до 1992 и од 1993 до 1998 беше министер за здравство на Хрватска . На оваа функција беше избран и во 2003 година, кога стана и вице-премиер, но поднесе оставка во 2005 година поради здравствени причини.

Автор: ЖА/СН/миа