1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Феноменот „Миа сан миа“

11 октомври 2017

ФК Бајерн Минхен има многу познати лица: рекордер во лигата и купот, момчиња во кожени панталони. Но што го прави овој клуб светска марка? И што значи гордото клупско мото „Миа сан миа“?

https://p.dw.com/p/2lcuN
Das Mia san mia Phänomen
Фотографија: DW

Пред 50 години најдобриот германски фудбалски клуб ја започна својата глобална приказна на успехот- со освојувањето на Европскиот куп на победници на купови. Севкупно, оттогаш, клубот освои 60 национални и меѓународни титули. Притоа, Бајерн Минхен е не само еден од најуспешните светски клубови, туку и еден од најголемите: Околу 300 илјади членови се дел од клупското семејство. За споредба: Реал Мадрид има околу 100 илјади, Барселона и Манчестер Јунајтед по 150 илјади.
„Почнавме со 20 вработени и обрт од околу 12 милиони марки, а денес имаме обрт од 630 милиони евра и речиси една илјада вработени“, вели претседателот Ули Хенес.

Авторите на документарецот минаа 50 илјади километри ширум светот за да ја разберат и раскажат приказната за Бајерн Минхен. Премиерата ќе можете да ја следите на нашата страница на 15 октомври.

Феноменот Бајерн Минхен- „Миа сан миа“